| | |
| |
|
Основи на 2D графика во Java |
прегледано: |
214891 |
вкупно гласови: |
0 |
средна оценка: |
- |
коментари: |
0 |
испрати до пријател
испечати
|
Што е JAVA 2D?
JAVA 2D е множество од класи кои можат да се искористат за создавање високо квалитетна графика. Тука се вклучени особини како геометриски трансформации, елиминирање на груби рабови (antialiasing), alpha compositioning, процесирање на слики итн.
ЈАVA 2D е дел од множеството класи од Java 2 платформата (JDK 1.2). 2D API воведува нови класи во следниве пакети:
* java.awt
* java.awt.image
* java.awt.color
* java.awt.font
* java.awt.geom
* java.awt.print
* java.awt.image.renderable
* com.sun.image.codec.jpeg
За да најдобро се увериме во моќта на JAVA 2D APIто потребно е да го видиме во акција. Java 2 вклучува едноставна програма која ги демонстрира способностите на APIто. Програмата се наоѓа во фолдерот кај што е JDK инсталацијата во /demo/ifc/java2D и се стартува Java2Demo класата. Би требало да видиме прозорец сличен на следниот:
File Formats
Постојат многу начини на кои може да се зачуваат информации за некој графички објект. Ние ќе ги опишеме најчесто користените формати кои што ги препознава и прикажува секој интернет пребарувач, JPEG и GIF. Исто така, и JDK може да ги прочита и прикаже JPEG и GIF сликите.
GIF
GIF е кратенка од Graphics Interchange Format. GIF сликите можат да содржат од 2 до 256 бои и се компресираат пред да бидат зачувани. Алгоритмот на компресирање не предизвикува губење на податоците со што при декомпресирање се добива веродостојна слика. Постојат две верзии на овој формат: GIF87 и GIF89. Разликата е што GIF89 нуди опција за транспарентност на една од боите на сликата и едноставна анимација.
JPEG
JPEG е кратенка од Joint Photographic Experts Group. JPEG сликите поддржуваат повеќе бои од GIF сликите; повеќе од 24 bit по пиксел. За разлика од кај GIF сликите, алгоритмот на компресија кај JPEG изоставува некои податоци за самата слика. Ова значи дека при наредното отварање, сликата нема да е потполно иста како оригиналната.
The Rendering Pipeline
Рендерирање е процес на прикажување на графички елементи на излезен уред. Графички елементи се: облици, текст, слики, а излезни уреди: принтери и екрани. Процесот на рендерирање го врши rendering engine. Во Java 2D API, тоа е класата Graphics2D.
Освен тоа што е rendering engine, Graphics2D претставува и површина за цртање, т.е. колекција од пиксели при што секој пиксел има одредена боја. За да се добие финалната слика, графичките елементи поминуваат низ неколкуте внатрешни состојби на Graphics2D класата. Нема детално да навлегуваме во секоја од овие состојби туку со наредната слика ќе дадеме општа претстава како тоа функционира:
Координатен систем
Координатниот систем на Java со почеток (0,0) е во горниот лев агол од излезниот уред. Позитивните x вредности се на десно, а позитивните y вредности се надолу. Сите вредности на пикселите се целобројни; не постојат децимални пиксели.
|
|
|
|
|
|
| |
|
|
---|
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc. Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици. |
|