прегледано: |
207249 |
вкупно гласови: |
0 |
средна оценка: |
- |
коментари: |
0 |
испрати до пријател
испечати
|
Java(TM) и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc. Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици.
1. Општи одредби
1.1. Користењето на објавените информации (написи) на Java.com.mk е слободно. Доколку информациите се пренесуваат на друг веб сајт, се печатат или се публикуваат на друг начин, корисникот на информациите МОРА да го назначи изворот на информацијата/написот, да се наведе авторот на написот и истиот да го пренесе во интегрална форма без никакви модификации и/или доработки. Секоја злоупотреба или прекршување на овој член може да доведе до санкционирање на сторителот.
1.2. Регистрацијата на Java.com.mk е бесплатна! Секој има право да се регистрира и избере свое корисничко име.
Со самото регистрирање, корисникот добива пристап до дополнителни опции на веб сајтот Java.com.mk, можност да креира написи на Форум@java.com.mk, како и пристап до други опции и услуги овозможени од Java.com.mk. Со добивање на пристап до споменатите услуги корисникот се обврзува дека никогаш нема да го посредува своето корисничко име или својата лозинка на други членови или лица. Исто така, корисникот се согласува дека никогаш нема да користи две или повеќе кориснички имиња при пишувањето или разгледувањето на Java.com.mk, Форум@Java.com.mk или друга услуга овозможена од Java.com.mk.
1.3. Java.com.mk се обврзува дека ќе ја почитува приватноста и анонимноста на корисниците и гарантира дека нивните податоци нема да ги посредува на трети лица, освен поради прекршување на некој член од „Правилата за користење на Java.com.mk".
1.4. Java.com.mk може да разоткрие нечии податоци ако се сомнева дека кориникот јавно ја загрозува безбедноста на податоците, на Java.com.mk или на услугите кои Java.com.mk ги овозможува на своите корисници. Со секоја ваша посета на Java.com.mk, вашата IP адреса се снима.
1.6. Рекламирање во напис кој е објавен на Java.com.mk, Форум@Java.com.mk или во друга услуга овозможена од страна на Java.com.mk во сопствен интерес нема да се толерира, освен доколку поинаку е договорено со корисникот на услугата за што истиот мора да поседува соодветен документ/одобрение. Секој линк кој води кон друга интернет страница и претставува тенденциозно рекламирање на истата ќе биде избришан. Ако сакате да се рекламирате на Java.com.mk, контактирајте со нашиот маркетинг оддел.
2. Одредби кои се однесуваат на користење на веб сајтот Java.com.mk (http://www.java.com.mk)
2.1. Корисникот се согласува дека нема да нуди или објавува материјал кој е авторски заштитен или без дозвола на сопственикот на материјалот.
2.2. Доколку при креирање на напис се користени материјали од други извори за кои корисникот има одобрение за користење на истите (пример: википедија) задолжително мора да се назначи изворот и авторот на написот.
2.3. Корисникот се согласува дека нема да се служи и да објавува материјал кој е лажен, клеветнички, злоупотребен, вулгарен, полн со омраза (расна, национална, сексуална, културна или лична), вознемирувачки кон другите членови и материјал кој ја повредува приватноста на членовите.
2.4. Корисникот се согласува дека при праќање на напис истиот нема веднаш да биде презентиран на сајтот на Java.com.mk, туку истиот ќе мора претходно да биде прегледан од страна на администраторите/модераторите на Java.com.mk и доколку има потреба истиот може да претрпи промени во содржината или изгледот, а за тоа ќе известен или консултиран авторот на написот/материјалот.
2.4.1. Авторските права на написот ќе ги задржи корисникот кој го има испратено написот и самиот извор на информациите доколку има таков и е назначен.
2.4.2. Доколку написот не биде објавен, Java.com.mk не мора да го извести авторот на написот на било кој начин.
2.4.3. Авторот е самиот одговорен за содржината во својот напис.
2.4.4. Java.com.mk се оградува од било каква одговорност и нема да сноси никакви последици доколку некоја информација презентирана во написот е неточна или погрешна, но може да реагира и да ја корегира информацијата или сосема да ја избрише без потреба да го информира авторот на написот.
2.5. Kорисникот се согласува дека нема да ги злоупотребува информациите кои ќе му станат достапни преку користење на Јаva.com.mk.
2.6. Корисникот се согласува дека нема да ги злоупотребува материјалите до кои има пристап преку користење на Java.com.mk и е сложен со тоа дека секоја злоупотреба ќе биде санкционирана.
2.7. Членот се согласува дека нема да нуди линкови кои водат до страници на кои се нуди илегално симнување на софтвер, музика, филмови и други лиценцирани материјали, како и страни кои содржат вируси и друг материјал кој може да наштети на Java.com.mk и членовите.
3. Одредби кои се однесуваат на користење на Форум @ Java.com.mk (http://forum.java.com.mk)
3.1. Корисникот се согласува дека нема да нуди или објавува материјал кој е авторски заштитен или без дозвола на сопственикот на материјалот.
3.2. Доколку при креирање на напис се користени материјали од други извори за кои корисникот има одобрени за користење на истите (пример: википедија) задолжително мора да се назначи изворот и авторот на написот.
3.3. Корисникот се согласува дека нема да се служи и да објавува материјал кој е лажен, клеветнички, злоупотребен, вулгарен, полн со омраза (расна, национална, сексуална, културна или лична), вознемирувачки кон другите членови и материјал кој ја повредува приватноста на членовите.
3.4. Корисникот се согласува дека при праќање на напис истиот може да биде избришан од страна на администраторите/модераторите поради причини кои го прекршуваат овој договор за користење на Java.com.mk и услугите кои Java.com.mk ги пружа на своите корисници
3.4.1. Авторските права на написот ќе ги задржи корисникот кој го има испратено написот и самиот извор на информациите доколку има таков и е назначен.
3.4.2. Доколку написот не биде објавен Java.com.mk, не мора да го извести авторот на написот на било кој начин.
3.4.3. Авторот е самиот одговорен за содржината во својот напис.
3.4.4. Java.com.mk се оградува од било каква одговорност и нема да сноси никакви последици доколку некоја информација презентирана во написот е неточна или погрешна, но може да реагира и да ја корегира информацијата или сосема да ја избрише без потреба да го информира авторот на написот.
3.5. Kорисникот се согласува дека нема да ги злоупотребува информациите кои ќе му станат достапни преку користење на Јаva.com.mk.
3.6. Корисникот се согласува дека нема да ги злоупотребува материјалите до кои има пристап преку користење на Java.com.mk и е сложен со тоа дека секоја злоупотреба ќе биде санкционирана со привремена или целосна деактивација на корисничкото име и лозинка.
3.7. Членот се согласува дека нема да нуди линкови кои водат до страници на кои се нуди нелегално симнување на софтвер, музика, филмови и други лиценцирани материјали, како и страни кои содржат вируси и друг материјал кој може да наштети на Java.com.mk и членовите.
4. Модераторите и администраторите на Java.com.mk имаат целосно право да ги избришат сите информации приложени на Java.com.mk со кои се кршат правилата. Тоа вклучува секакви содржини објавени од корисникот, вклучувајќи и информации за корисникот (аватар, корисничко име и др.)
5. Основен јазик на Java.com.mk е македонскиот, и препорачливо е користење на кирилица. Сите написи напишани на јазик кој не е македонски и не е со кирилично писмо може да бидат избришани, а членовите ќе бидат опоменати дека ги прекршуваат правилата.
6. Кршењето на правилата за користење на услугите кои Java.com.mk ги овозможува на своите корисници може да резултира и ќе резултира со деактивирање на корисничкото име и лозинка, односно забранет пристап на Java.com.mk. За времетраењето на забраната одлучуваат администраторите/модераторите, а корисникот ќе биде известен за причината и рокот на истекување.
7. Корисниците со забранет пристап на Java.com.mk (привремено или трајно) не смеат да креираат ново корисничко име.
8. Ако при кршењето на правилата се повредени законите на Република Македонија или некоја друга држава, доколку е потребно, администраторите може да соработуваат со сите домашни и странски правни институции, откривајќи ги сите потребни информации на прекршителот (IP адреса, e-mail...).
9. Сите мислења (и информации) објавени од членовите претставуваат лични ставови на членовите, а не на Java.com.mk.
10. Сите прашања во врска со Java.com.mk, форумот, правилата, ваши предлози, критики и сугестии може да ги објавите во Форум @ Java.com.mk каде ќе добиете одговор во најскоро можно време.
11. Java.com.mk го задржува правото на промена на правилата, но се обврзува дека тие ќе бидат соопштени во најбрз можен рок.
|