| | |
| |
|
Искази: if-then и if-then-else |
прегледано: |
210586 |
вкупно гласови: |
1 |
средна оценка: |
4.0 |
коментари: |
0 |
испрати до пријател
испечати
|
Исказ: if-then
Ова е најосновниот исказ при контрола на тек. Овој исказ му кажува на твојот програм да изврши одреден дел од кодот само ако зададен услов е со точен резултат. На пример, класата Velosiped може да дозволи кочниците да ја намалат брзината на велосипедот само ако велосипедот е веќе во движење.
Една можна имплементација на „uspori“ методата може да биде вака:
void uspori() {
if (voDvizenje){ // iskazot „if“, velosipedot mora da se dvizi
brzinaNaDvizenje--; // klauzata „then“, namali ja brzinata
}
}
Доколку првата проверка при евалуација врати неточен резултат (false), значејќи дека велосипедот не се движи, контролата скокнува директно на крајот на if-the исказот.
Да напоменеме само дека големите загради „{“ и „}“ во овој случај се опциони бидејќи клаузата „then“ содржи само еден исказ. Пример:
void uspori() {
if (voDvizenje) brzinaNaDvizenje--; // isto kako i prethodnoto, no sega bez zagradite
}
Одлуката за тоа кога да не се искористат заградите е прашање на личен избор. Некористењето на заградите може да го направи изворниот код по непрегледен, понежен и посколон кон грешки. На пример доколку се додаде уште еден исказ во „then“ клаузата, честа грешка е да се заборави да се стават заградите. Самиот компајлер ова не го гледа како грешка, но извршувањето на методата, блокот или исказот ќе даде погрешен резултат.
Исказ if-then-else
Исказот if-then-else овозможува втора патека на извршување кога клаузата „if“ ќе евалуира неточна вердност (false). Можеш да го употребиш if-then-else исказот во методата „uspori()“ за да се изврши некоја акција доколку велосипедот не се движи. Во овој случај, акцијата би била едноставно да испечатиме грешка со известување дека велосипедот е веќе застанат.
void uspori() {
if (voDvizenje){
brzinaNaDvizenje--;
} else {
System.err.println("Velosipedot ne se dvizi!");
}
}
Следниов програм, односно IfElseDemo оценува со оценки од 1 до 5. 5 за резултат 90% и подобар, 4 за резултат 80% или подобар итн.
class IfElseDemo {
public static void main(String[] args) {
int rezultat = 76; int ocenka = 1;
if (rezultat >= 90) { ocenka = 5; } else if (rezultat >= 80) { ocenka = 4; } else if (rezultat >= 70) { ocenka = 3; } else if (rezultat >= 60) { ocenka = 2; } else { ocenka = 1; } System.out.println("Ocena = " + ocenka); } }
Резултатот од програмот е:
Ocena = 3
Сигурно примети дека вредноста на „rezultat“ може да задоволи повеќе од еден услов (76 >= 70 и 76 >= 60). Но како и да е штом еден услов е исполнет исказите кои одговараат се извршени (ocenka = 3;), а остантатите услови не се евалуираат.
|
|
|
|
|
|
| |
|
|
---|
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc. Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици. |
|