прегледано: |
193364 |
вкупно гласови: |
0 |
средна оценка: |
- |
коментари: |
1 |
испрати до пријател
испечати
|
Classpath-от им посочува на SDK алатките и апликациите каде да ги пронајдат корисничките класи, односно, класите кои не се дел од Java платформата или нејзини екстензии. Classpath-от треба да ги пронајде сите класи компајлирани со javac компајлерот. По default, classpath-от покажува на моменталниот директориум.
Classpath-от може да се постави на 2 начина: со опцијата -classpath на Java алатките (пр. javac, java) или со поставување на CLASSPATH системска варијабила. Се преферира опцијата -classpath бидејќи на тој начин, classpath-от може да се постави индивидуално за секоја апликација.
На пример, за извршување на апликација MojaAplikacija која ги користи класите од директориумот MoiKlasi, се куца следнава команда:
C:> java -classpath C:\java\MyClasses test.MojaAplikacija
Во опцијата за поставување на classpath, може да се наведат и повеќе директориуми истовремено:
C:> java -classpath C:\java\MoiKlasi;C:\java\DrugiKlasi ...
Доколку, пак, е потребно фискно подесување на CLASSPATH кој ќе важи за сите апликации, може да се постави како системска варијабила CLASSPATH во System алатката на Control Panel.
Класите може да бидат сместени во директориуми или во архивски фајлови (.jar). Класите на Java платформата се сместени во rt.jar.
|