| | |
| |
|
Јава сервлети - Прв дел |
Пример за динамични одговори
Едноставниот сервлет (MojServlet) кој го креиравме не е нешто посебно интересен или возбудлив поради тоа што тој секогаш ќе прикажува иста вредност кога и да се вчита. Моќта на сервлетите е всушност во тоа што можеш да генерираш нова динамична содржина секојпат кога истиот е вчитан. Употребата на сервлетите е најразлична, преку обработка (приказ) на податоци од бази на податоци, прикажување на XML документи како HTML користејќи XSL стилови, процесирање на форми кои се испратени од интернет прелистувачите итн.
За твојот прв динамичен сервлет ќе го прикажуваме моменталниот датум и час на серверот. Еве го кодот за таквиот сервлет:
import java.io.*;
import javax.servlet.*;
import javax.servlet.http.*;
import java.util.Date;
public class Vreme extends HttpServlet {
public void doGet(HttpServletRequest req, HttpServletResponse rsp)
throws ServletException, IOException {
rsp.setContentType("text/html");
PrintWriter out = rsp.getWriter();
Date sega = new Date(); // Momenatlnoto datum i vreme
out.println("<html>");
out.println("<head><title> Proverka na datumot i casot </title></head>");
out.println("<body>");
out.println("<p>Tocno e: " + sega + "</p>");
out.println("</body></html>");
}
}
Во принцип се е исто како и во претходниот сервлет (MojServlet.java), ајде да ги разгледаме само разликите:
import java.util.Date;
Ја импортираме класата Date која е вградена во Јава-та во пакетот java.util.
Date sega = new Date(); // Momenatlnoto datum i vreme
Креираме нова променлива наречена „sega“ и во неа го сместуваме новиот Date објект. Кога новиот Date објект е креиран ги содржи датумот и времето кога истиот е креиран и тоа е вредноста која ќе ја испечати како дел од низата од карактери (String-от):
out.println("<p>Tocno e: " + sega + "</p>");
Компајлирај ја оваа датотека и како што е прикажано на претходните страни испорачај го на веб серверот. После тоа кога во адресата на твојот интернет прелистувач ќе испишеш http://localhost:8080/servlet/Vreme ќе видиш страна налик на:
Доколку ја освежуваш сликата ќе приметиш како времето се менува секој пат.
|
|
|
|
|
|
| |
|
|
---|
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc. Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици. |
|