| | |
| |
|
Нов проект во Eclipse? |
Пакување на проектот
Пакувањето на проект е неопходен чекор како припрема за дистрибуција. Кога се пакува софтверот, битно е да се внимава на фајловите кои ќе бидат вклучени во пакетот. На пример, пакет што се дистрибуира со апликацијата не треба да содржи изворен код, пред се за заштеда на простор на диск и bandwidth, но многу поважно, за заштита на интелектуалната сопственост на апликацијата. Од друга страна, пакетот кој ќе биде дистрибуиран на платформа за тестирање, потребно е да го содржи и изворниот код со цел да има пристап до индивидуалните модули.
Eclipse овозможува неколку начини на пакување на проект. Точната терминологија во контекст на Eclipse е експортирање на проект. првиот експорт метод ги зачувува сите потребни податоци во посебен директориум, исклучувајќи додатни административни проектни податоци продуцирани од Eclipse. Овој метод е корисен доколку целниот директориум подоцна се постави на оддалечена локација преку FTP или SFTP.
Експортирањето може да се иницира со десен клик на соодветниот проект во јазичето "Package Explorer", лоцирано на левата страна од workspace-от. Од контекстното мени се избира "Export..." и се преикажува дијалог за специфицирање на формат на експортирањетп. Изберете "File System" и притиснете на "Next >".
Следниот дијалог овозможува избор на фајлови кои ќе бидат вклучени во експортирањето. Ова може да се изврши мануелно, со селектирање на индивидуални фајлови или со кликање на копчето "Select Types...". За вклучување на сите изворни и компајлирани фајлови, потребна е селекција на фајловите со *.java и *.class екстензија.
Дијалогот, исто така, ја побарува дестинацијата не експортираниот проект. Elcipse автоматски ќе креира директориум со проектното име на наведената локација. Откако се подесени сите параметри, со клик на копчето "Finish", проектот ќе се експортира.
Освен експортирање во директориум, Eclipse, исто така, овозможува експортирање директно во ZIP архива. Овој експортен метод е сличен на претходниот, освен тоа што треба да биде селектирано "Zip file" како метод и продуктот на експортирањето треба да биде фајл со *.zip екстензија.
Пакување на проект:
1. Десен клик на името на проектот во "Package Explorer" и селектирајте "Export..."
2. Изберете експортен метод, на пример, "File System" и притиснете "Next >"
3. Изберете ги фајловите кои треба да бидат вклучени во дистрибуцијата
4. Изберете дестинација на експортираниот проект
5. Извршете го експортирањето со клик на копчето "Finish"
|
|
|
|
|
|
| |
|
|
---|
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc. Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици. |
|