Чекор по чекор
Почетни чекори со Java
Објектно оријентирани концепти во Јава - Прв дел
Објектно оријентирани концепти во Јава - Втор дел
Објектно оријентирани концепти во Јава - Трет дел
Јава сервлети - Прв дел
Единствен Јава објект (singleton)
Најчести 10 грешки што ги прават Java програмерите
повеќе...
Што е тоа ...
... IDE
... Tomcat
... објект?
... класа?
... наследување?
... интерфејс?
... наследување? (прашања и одговори)
повеќе...
За загревање
Нов проект во Eclipse?
Примитивни податочни типови
Променливи
Оператори
Доделувачки, аритметички и Unary оператори
Оператори за еднаквост, релации и услови
Изрази, искази и блокови
повеќе...
Како да ...
... конвертирам java.sql.Timestamp во java.util.Date
... зададам формат на датум
... ковертирам „long“ во HEX и обратно
... прочитам датотека и променам стринг
... креирам ZIP датотека
... поврзам Apache и Tomcat користејќи mod_jk
... пратам недефиниран број на атрибути до некоја метода
повеќе...
Java преку примери
new Socket(String addr,int port)
new URL(String address)
new URL(String protocol, String host, int port, String file)
CommPort: getInputStream()
CommPortIdentifier: getPortIdentifiers()
Statement: executeQuery(String sql)
Statement: getMaxRows()
повеќе...
Грешка
Нов напис
Рубрика:
Наслов:
  
  

страна број:123
Почетни чекори со Java
Што ми треба за почеток?

MS-DOS PromptСе што ти треба за да почнеш да развиваш Јава програми слободно може да се превземе од веб сајтот на Java Sun, односно на www.javasoft.com. Првиот и основен пакет кој че ти треба е „Java 2 Software Development Kit (SDK)“ Standard Edition. SDK-то ги содржи алатките за развој на Јава програми и Java Runtime Environment (JRE) за извршување на Јава програмите. JRE-то ја вклучува и виртуелната машина и уште неколку датотеки за поддршка. За разлика од Јава аплетите кои можат да се извршуваат со ЈВМ која е вградена во веб прелистувачот за извршување на други програми мора да се има инсталирана извршната околина на Јава (JRE), која исто така може и посебно да се првземе. Исто така ќе ти се најде при рака и копија од  Јава 2 документацијата, па затоа може да го превземеш и тој пакет бидејќи е од одлична помош за вградените функционалности кои Јава ти ги нуди. Откако ќе ги поминеш основите и ќе  навлезеш во Јава програмскиот јазик пакетот со документацијата ќе ти биде најдобар пријател (покрај Јава-та).

Детални инструкции за инсталација се обезбедени со самите пакети и препорачувам до истите да се држиш од збор до збор. Многу луѓе кои ја инсталираа верзијата за Windows едноставно го превземаат и инсталираат пакето, не внимавајќи да ги завршат и останатите задачи за подесување на критичните системски променливи кои овозможуваат Јава-та да функионира правилно. Единствен пропуст во обезбедената инсталација е метода за додавање/модифицирање на системските променливи во Windows ME i Windows 2000. Начините кои се опишани при инсталацијата работат за Windows 95/98/NT, но на Windows МЕ мора да се оди преку Start->Run, да се искуца msconfig и да се кликне ОК за да се стартува Windows ME алатката за конфигурација на системот, а променливите се наоѓаат во „Environment“ табот (или „јазичето“, како е полесно). На Window 2000 е скоро исто. Откако ќе се старува системскиот контролен панел (System Control Panel) на табот (јазичето) Advanced треба да се кликне копчето Environment Variables, а понатака се продолжува според инструкциите.

За да провериш дали Јава SDK-то е правилно инсталирано на твојот компјутер отвори команден промпт (Command prompt или MS-DOS Command Prompt за Windows или XTerm доклку користите Linux). Пробајте ги двете подолунаведени команди. Ако добиете сличен излез, спремни сте за Јава. Доколку оперативниот систем не ги препознава командите тогаш можеби морате да го рестартирате системот за да системските променливи бидат детектирани и вчитани.

C:\> java –version
java version "1.5.0"
Java(TM) 2 Runtime Environment, Standard Edition (build 1.5.0-b64)
Java HotSpot(TM) Client VM (build 1.5.0-b64, mixed mode, sharing)

C:\> javac
Usage: javac
where possible options include:
 ...lista na opcii...


Сега откако го имате инсталирано SDK-то (и, опционо, документацијата) спремен си за да го напишеш твојот прв Јава програм. Но, пред да продолжиш, дозволи да кажам збор два и за инегрираните развојни околини (Integrated Development Environments-IDE). Сигурно веќе имаш и чуено и видено за убавите и дотерани развојни околини, некои се комерцијални, некои се слободни за користење кои помагаат за развој на Јава апликации. Јасно е дека ти се повеќе од корисни на искусни програмери (јас користам Eclipse за моите проекти), сепак препорачувам да ти како почетник почнеш со користење на алатките кои се обезбедени со самото SDK-a.
Причините за тоа се што многу опции/можности добиени од интегрираните развојни околини, како Eclipse или другите се дизајнирани за да овозможат побрзи начини за да се завршат некои задачи. Проблемот е во тоа што доколку не го разбереш „подолгиот пат“ понатака тоа ќе влијае на твоето разбирање на импликациите кои доаѓаат со користењето на автоматизираните методи и начини на интегрираните развојни околини. За споредба, доколку треба да направиш некоја HTML страна, која е колоритна и со интересни ефекти изборот ќе ти биде некоја алатка за едитирање на текстуални датотеки (Notepad, UltraEdit и др.) или Dreamweaver. Со Dreamwaever ќе ја направиш страната релативно брзо и со екстра ефекти, бидејќи самиот Dreamweaver ќе го генерира HTML кодот во позадина (и  CSS и JavaScript), но доколку истото требаше да го направиш преку едиторот за текстуални датотеки, нема да можеше, бидејќи не ја познаваш позадината на тоа што се е потребно за да се изведат тие ефекти, и што во позадина прават автоматизираните алатки на Dreamweaver-от.
страна број: 1 2 3 4 << претходна страна : : следна страна >> 
 
Коментирај
автор: Анонимус
Анонимните коментари ќе бидат објавувани веднаш после нивната проверка.
За да вашиот коментар биде веднаш валиден претходно пријавете се или креирајте свој профил


напишал: slavejovanovski (11.01.2008 09:08:07)
Иако програмирам во Java веќе неколку години, на крај памет не ми беше дека постои страна како www.java.com.mk :)

Браво за идејата и за написите.

Славе Јовановски
напишал: igor (11.01.2008 18:14:31)
Па сепак е релативно нова 6 месеци дали има :)

Благодарам за поддршката
напишал: Анонимус (16.01.2008 14:42:42)
Браво момци, иако не знам да програмирам се надевам дека нешто ќе научам од Вас.

Само продолжете така.

Оцена: 10+
напишал: lakimen (19.01.2008 00:15:18)
BRAVO !
MNOGU DOBRO I KORISNO IAKO MNOGU TESKO MI ODI
напишал: Анонимус (19.01.2008 03:38:51)
кај да го најдам Java 2 Software Development Kit (SDK)“ Standard Edition ? Го барам во Downloads дали неможам да го видам, дали го нема..... исто и за Јава 2 документацијата
напишал: igor (19.01.2008 22:51:24)
За JDK, како и за документацијата повели на: http://java.sun.com/javase/downloads/index.jsp
напишал: Анонимус (29.01.2008 07:35:42)
браво, таман сеа имам испит многу ќе ми помогнете
напишал: Анонимус (18.02.2008 15:54:45)
„Почетните чекори“ има само 4 продолженија. Дали и кога ќе ги има продолженијата?
напишал: igor (19.02.2008 01:18:59)
Хм, сепак се работи за еден напис со 4 страни.
Во кој смисол продолжение? Или во кој правец е интересирањето за продолжение?
напишал: newpain01 (03.04.2008 04:11:18)
зошто кога пробам да ја компајлирам програмата во Command Prompt ми јавува грешка 'javac' is not recognized as an internal or external command, operable program or batch file.???
напишал: igor (09.04.2008 04:01:34)
Имаш инсталирано JDK?
напишал: newpain01 (14.04.2008 20:53:39)
да да, инсталирав
напишал: igor (16.04.2008 22:57:27)
а патеката (PATH) ти е подесена?

пример за подесување (на мојава машина би било нешто како):

SET PATH=%PATH%;C:\Program Files\Java\jdk1.6.0_02\bin

тоа SET PATH пушти го во Command Prompt, со правилно подесена патека до BIN директориумот од JDK-то.

Поздрав
напишал: Анонимус (07.06.2008 02:56:14)
Браво Игоре...си се потрудил...свака час
напишал: Анонимус (23.06.2008 20:43:45)
JAVA E NAJDOBRO NESTO STO SUM ZEL DA UCAM VO ZIVOTOT
PREKRASNO NESTO EDNOSTAVNO SE PRONAJDOV VO NE
напишал: Анонимус (09.11.2008 13:05:59)
Odlicno, fenomenalno objasnuvanje, vo detali.
Bravo
напишал: Анонимус (26.02.2009 00:57:06)
nemam vreme
напишал: Анонимус (03.07.2009 05:33:39)
Bravo.
Nikola Canev-Cene.
напишал: Анонимус (09.07.2009 16:00:57)
kako da go simnam potrebniot software za java
напишал: J Master (12.10.2009 02:42:05)
Странава е супер само така продолжете...

Големоп Браво
напишал: Lakilaki (26.01.2010 16:50:41)
Konecno nesto na nas jazik bas toa sto barav )
bravo decki samo taka prodolzete
напишал: Анонимус (03.03.2010 00:48:23)
Зошто во Command Prompt на Windows 7 неможам да проверам цело време ми дава C:\User\Ivan а Јава ми е инсталирана во C:\Program Files (x86)\JavaFX\javafx-sdk1.2\bin и ова го има во SET PATH подесено?
напишал: java2010 (27.03.2010 17:24:45)
Првиот чекор го завршив, баш сакам да видам до каде ке ме донесе оваа веб. Почетник прва класа.
напишал: Анонимус (18.04.2010 04:33:46)
Mnogu dobra rabota.Super ste..samo napred.Ova e mnogu interesno i ne tolku tesko
напишал: Анонимус (08.01.2012 02:51:45)
At last some rationality in our llitte debate.
напишал: Анонимус (09.02.2012 15:47:10)
iam neso problem so kompajlerov ne go registrirat taka mi vrajkat ko ke napisam javac vo comand promt i nemozam da kompajliram nz zosto inace stranava e top :D
пребарување
најди
 
Форум
 
JugMK
GetJava Download Button
http://www.eclipse.org
 
 
 
 
Copyrights © 2006 - 2024 by Java.com.mk
Права и правила за користење на java.com.mk
Контакт адреса:
contact AT java.com.mk
Powered by Supernova v.0.70 beta
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc.
Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици.