| | |
| |
|
Објектно оријентирани концепти во Јава - Прв дел |
прегледано: |
217786 |
вкупно гласови: |
10 |
средна оценка: |
4.4 |
коментари: |
10 |
испрати до пријател
испечати
|
Добрата основа за Јава програмскиот јазик му овозможува на девелоперот да направи повеќе за помалку време, односно да биде попродуктивен. Со Јава можеш да направиш комплетни апликации кои нудат се, од 3D акцелерирани графички програми и други мултимедијални можности до јаки криптографки решенија и мрежно поврзување. На веб, Јава програмскиот јазик може да го искористиш за креирање на Јава аплети (иако порано беа преценети, сепак услужни) кои се извршуваат кај клиентите, а на серверска страна за креирање на динамични веб страни со помош на Јава сервлети (servlets) и Јава серверски страни (JavaServer Pages-JSP) за кои ќе дознаеш повеќе во овие написи.
За најдобро да ја искористиш моќта на Јава-та ќе треба добро да ги разработиш објектно оријентираните концепти на програмирање (OOP). Овој напис е прв од двата дела кои ќе ти помогнат да научиш што повеќе за објектно оријентираното програмирање во Јава. Е па време е да стегнеш заби и да го научиш ова, бидејќи ова се (условно земено) најтешките концепти во Јава кои треба да ги знаеш, но исто така тие се едни од најинтересните.
Овој напис исто така е трет во серијата со која треба да го научиш Јава програмскиот јазик за да можеш да развиваш динамични веб сајтови со користење на Јава технологиите на серверска страна. Овој напис продолжува онаму каде што застана „Почетни чекори со Java“. Доколку суште не си го прочитал тој напис, како и написите за променливи, циклуси, услови итн. срдечно ти препорачувам претходно да ги прочиташ тие написи пред да продолжиш понатака, бидејќи во наредните страни претпоставувам дека си веќе запознаен со истите (вариајбли, циклуси, услови итн.).
Пред навистина да почнеме малку жаргон
Како што кажав некаде претходно пишувањето на програми (или веб страни) во Јава е всушност конструирање на мрежа од поврзани компоненти кои работат заедно за да ја завршат наменетата работа. Овие компоненти се викаат Јава објекти.
Има многу различни типови на Јава објекти и всушност повеќето од програмирањето во Јава е креирање на твои објекти. За да креираш твои нови типови на објекти кои понатака би ги употребил во креирање на некој Јава програм треба да обезбедиш шема која Јава-та ќе ја искористи за да го креира објектот од тој тип. Таа „шема“ се вика класа (class).
Слика 1: Инстанцирање на два објекти „drvo“ од класата „Drvo“
Ајде да разгледаме еден концептуален пример за да отприлика ја објасниме корелацијата помеѓу класите и објектите.
Да речеме дека твојот програм треба да води евиденција за дрвјата во некоја шума, поконкретно да се води евиденција за висината на дрвјата. На сликата број 1 имаш пример од класа и објекти кои можеш да ги искористиш при креирање на овој Јава програм.
На левата страна имаме класа која се вика дрво (Drvo). Оваа класа го дефинира типот на објектот Drvo и таа всушност ќе послужи како шема при креирање на објект од тој тип. Самата класа не е дрво, таа е само опис на тоа што е дрво, какви особини има тоа, односно какви заеднички особини имаат сите дрвја. Во нашиот пример ние имаме класа Drvo која индицира дека сите дрвја ќе ја имаат особеноста висина (visina).
На десната страна имаме два конкретни објекти од типот Drvo. Тие се дрва и се креирани по основ на шемата од класата Drvo. За овие објекти се вели дека се инстанци (instances) на класата Drvo, а самиот процес се нарекува инстацирање (instantiation). Следствено може да се каже дека со инстанцирање на класата Drvo сме креирале две инстанци од класата Drvo, два објекти од класата Drvo, или само две дрва :). Сигурно веќе примети дека при креирање на тие два објекти веќе им имаме зададено вредност на нивната особеност „висина“. Првото дрво е високо 2, а второт е високо 5 метри. Повеќе од јасно е дека иако нивната особеност „висина“ е различна не се менува фактот дека и двата објекти се од тип Drvo. Едноставно имаме две дрва со различна висина.
Класите не само што ги дефинираат особеностите на објектите туку тие исто така ги дефинираат и операциите кои можат да бидат извршени од тие објекти. Во објектно оријентираните програмски јазици како Јава тие операции се викаат „методи“ (methods).
Со продолжување на примерот со дрвјата можеме да дефинираме метод „растење“ во класата Drvo. Резултат од тоа е што на секој објект од типот Drvo ќе му биде овозможена операцијата „растење“. На пример со извршување на операцијата „растење“ секое од дрвата би можело да ја промени својата особеност „висина“ за 1 метар.
|
|
|
|
|
|
| |
|
|
---|
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc. Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици. |
|