| | |
| |
|
Објектно оријентирани концепти во Јава - Прв дел |
Јава Дрво
За почеток во конректно објектно оријентирано програмирање предлагам да ја имплемтнираме класата Drvo (опишана на претходната страна) во Јава, а после да ја искористиме при инстанцирање на неколку дрва и да им овозможиме малку и да пораснат.
Отвори текст едитор по твој избор и креирај нова датотека именувана како Drvo.java. Оваа датотека ќе ја содржи дефиницијата за класата Drvo, а битно е името на датотеката да биде исто како и именувата класа (и тоа од голема/мала буква до точка и запирка, значи ИСТО како и името на класата!) Искуцај го следниов пример во датотеката (броевите на линиите игнорирај ги, бидејќи тие се таму само колку да полесно се прегледува примерот и нетреба да бидат во изворниот код).
1 /**
2 * Drvo.java
3 * Ednostavna Java klasa.
4 */
5
6 class Drvo {
Започнуваме со најава дека сакаме да креираме класа наречена Drvo. Забележи дека ја следам конвенцијата на почетна голема буква при именување на класата.
7 public int visina = 0;
8
Без клучниот збор „public“ на почетокот од линијата остатокот изгледа исто како и секоја декларација на променлива. Значи декларарираме променлива од податочниот тип „int“ со име „visina“ и со иницијална вредност „0“. Да повторам дека поради Јава конвенцијата името на променливата ми започнува со мала буква. Променливите деклараирани на овој начин (а не како дел од телото на некоја метода, како во методата „main“ од претходните примери) се всушност особености на објектите кои ќе призлезат од таа класа. Линијата со број 7 всушност кажува дека секој објект при инстанцирање ќе добие особеност „visina“ која ќе ја содржи вредноста „0“ (нула). Клучниот збор „public“ всушност кажува дека оваа особеност на објектите ќе може да се менува од секаде од програмот. Во вториот дел од овој текст ќе објаснам како да ги заштитите вредностите во овие променливи, но сега за сега ваквата поставеност е доволна.
Тоа всушност е се што треба за да ја креираме класата Drvo која ќе има каде да ја чува својата висина. Но за да овој пример стане поинтересен на оваа класа ќе и додадеме и метод „rastenje“ кој го споменав претходно. Методот започнува вака:
9 /**
10 * Kke go porasne ova drvo za 1 metar
11 */
12 public void rastenje() {
На кратко да го објаснам првиот збор од линијата број 12. Клучниот збор „public“ индицира дека методата (операцијата) „rastenje“ е јавно достапна, што значи дека тој метод може да биде повикан од било каде од програмот. Методите исто така можат да бидат „private“ и „protected“, но тие клучни зборови ќе ги објаснам подоцна. Зборот „void“ укажува на тоа дека овој метод не враќа никаков резултат. Во некои наредни примери ќе ги разгледаме и методите кои врќаат некаков резултат, во тој случај на местото на „void“ ќе дојде некој друг податочен тип, на пример „int“.
На крај зборот „rastenje“ е всушност името на методата која ќе биде креирана. Пак да напоменам на Јава конвенциите, веќе примети дека името да методата запоцнува со мала буква, нели? Празните загради кои доаѓаат после името на методата индицираат дека декларираме метода, а не некоја особеност, на пример „visina“. Покасно ќе видиме примери каде заградите не се празни :). И на крај, големата отворена заграда го означува почетокот на блокот на код кој ќе биде извшрн секојпат кога методата „rastenje“ од објектот Drvo ќе биде повикана.
13 visina = visina + 1;
Овој исказ е едноставен. Ја зема вредноста на променливата „visina“ и и додава 1 и ја доделува добиената вредност на променливата „visina“. Приметно е дека променливата „visina“ не ја деклариравме во блокот на методата туку ја деклариравме како особина на објектот во линија број 7. Доколку променливата „visina“ ја деклариравме во блокот на методата тогаш Јава ќе ја третираше како локална променлива, сосема одвоена од погоре декларираната променлива (линија 7), а Јава ќе креираше нова променлива секојпат кога методата „rastenje“ ќе беше повикана. Со тоа класата „Drvo“ повеќе немаше да функционира како што очекуваме (што слободно можеш да го пробаш покасно).
14 }
15 }
Затворената голема заграда во линија број 14 го означува крајот на методата „rastenje“, додека заградата во линијата број 15 го означува крајот на класата „Drvo“.
Откако ќе ги искуцаш горенаведените линии во новата датотека сними ја и искомпајлирај ја како и секој друг Јава програм:
C:\JavaDrvo> javac Drvo.java
Како и што очекуваше датотека со име Drvo.class е креирана во истиот директориум. Тоа е искомпајлирана дефиниција на класата „Drvo“. Секој Јава програм кој ќе треба да инстанцира објект од типот „Drvo“ ќе ја бара оваа датотека која е шема за тој тип на објект. Всушност, тоа ни е и нареден чекор.
|
|
|
|
|
|
| |
|
|
---|
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc. Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици. |
|