| | |
| |
|
Нов проект во Eclipse? |
Креирање на нова класа
После креирање на нов Java проект, не постојат изворни фајлови и класи асоцирани со проектот. За да креирате нова класа, кликнете на менито "File > New > Class" кое ќе отвори "New Java Class" wizard.
Во првото поле, wizard-от побарува директориум во кој ќе биде креиран изворниот фајл. Во основа, ова е проектниот директориум за изворен код кој не треба да се менува. Треба да се забележи дека Eclipse автоматски ќе креира хиерархија на директориуми (ако е потребно) доколку класата е дел од пакет. На пример, изворниот код за класата Fibonacci во пакетот ii.pmf со директориум на изворен код "Fibonacci Broevi" автоматски ќе биде снимен во "Fibonacci Broevi\ii\pmf\Fibonacci.java".
Следното поле во дијалогот се користи за името на пакетот во кој ќе биде креирана Java класата. За едноставни апликации ова не е потребно, иако се препорачува за да користат пакети за структурирање на Java изворниот код. Ако пакетот специфициран во полето не постои, автоматски ќе биде креиран.
Наместо наведување на пакет во кој новата класа ќе биде креирана, исто така можно е да се вметне нова класа во веќе постоечка. Во тој случај, "Enclosing type" треба да биде селектирано и целосното име (пакет + име на класата) на надворешната класа треба да биде специфицирано во полето.
Полето "Name" специфицира име за новата класа. Имињата на класите секогаш треба да бидат описни именки и треба да почнуваат со голема буква. За детали на именување во Java програмите, погледнете на "Code Conventions for the Java Programming Language" страната. Дијалогот овозможува да се подесат некои додатни особини на новата класа, како на пример, наследување на класа како и дефинирање на суперкласа за новата класа и интерфејсите кои ги имплементира. Во основа, секоја класа во Java наследува од java.lang.Object како суперкласа.
Wizard-от може да генерира код за наследените апстрактни методи кои мора да бидат имплементирани и конструктори кои треба да бидат прекриени. Ова се однесува само на нова класа која всушност наследува некоја веќе-постоечка класа со апстрактни методи. Исто така, возможно е генерирање на код за static main() методот, кој е стартна точка за Java програма.
Кога ќе се завршат сите подесувања, со кликање на копчето "Finish" ќе се креира новиот изворен коден фалј на соодветната локација и ќе се генерира основен код за новата класа. Фајлот ќе биде отворен во едиторот со цел корисникот да ја модифицира имплементацијата на класата.
Креирање на нова класа:
1. File > New > Class
2. Не го менувајте "Source Folder"
3. Специфицирајте го пакетот во кој новата класа ќе биде креирана
4. Специфицирајте го името на новата класа
5. Специфицирајте наследување и код што ќе се генерира автоматски
6. Кликнете "Finish" за да ја креирате новата класа и да го едитирате изворниот код
Извршување на програмата
Откако софтверот е имплементиран, потребно е да се изврши со Eclipse. Ова се постигнува со клик на "Run" копчето на toolbar-от. Кога ќе се притисне ова копче првпат, ќе се прикаже дијалог за конфигурација на извршната околина на моменталниот проект. Wizard-от автоматски ќе пронајде класа која дефинира public static void main() метод.
За да се испратат аргументи до апликацијата, на "Arguments" јазичето се специфицираат соодветните полиња за аргументи.
Откако ќе се подеси околината, со притискање на копчето "Run" ќе се изврши апликацијата и, доколку постои, ќе се прикаже излез на прозорот за пораки. При подесена runtime околина, притискањето на копчето "Run" ќе ја изврши последната извршена околина.
Извршување на програма:
1. Извршувањето на програмата првпат побарува конфигурација на извршна околина
2. Кликнете на "Run" копчето или на мени-то Run > Run...
3. Двојно кликнете на "Java Application" во "Configuration" листата за да креирате нова конфигурација
4. Верифицирајте ги информациите и изберете соодветна "Main Class"
5. Ако на апликацијата и се потребни аргументи на командна линија, може да се специфицираат во "Arguments"
6. Кликнете "Run" за да ги зачувате модификациите и да ја извршите програмата
|
|
|
|
|
|
| |
|
|
---|
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc. Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици. |
|