Чекор по чекор
Почетни чекори со Java
Објектно оријентирани концепти во Јава - Прв дел
Објектно оријентирани концепти во Јава - Втор дел
Објектно оријентирани концепти во Јава - Трет дел
Јава сервлети - Прв дел
Единствен Јава објект (singleton)
Најчести 10 грешки што ги прават Java програмерите
повеќе...
Што е тоа ...
... IDE
... Tomcat
... објект?
... класа?
... наследување?
... интерфејс?
... наследување? (прашања и одговори)
повеќе...
За загревање
Нов проект во Eclipse?
Примитивни податочни типови
Променливи
Оператори
Доделувачки, аритметички и Unary оператори
Оператори за еднаквост, релации и услови
Изрази, искази и блокови
повеќе...
Како да ...
... конвертирам java.sql.Timestamp во java.util.Date
... зададам формат на датум
... ковертирам „long“ во HEX и обратно
... прочитам датотека и променам стринг
... креирам ZIP датотека
... поврзам Apache и Tomcat користејќи mod_jk
... пратам недефиниран број на атрибути до некоја метода
повеќе...
Java преку примери
new Socket(String addr,int port)
new URL(String address)
new URL(String protocol, String host, int port, String file)
CommPort: getInputStream()
CommPortIdentifier: getPortIdentifiers()
Statement: executeQuery(String sql)
Statement: getMaxRows()
повеќе...
Грешка
Нов напис
Рубрика:
Наслов:
  
  

страна број:123
... наследување? (прашања и одговори)
прегледано:  210370
 вкупно гласови:  7
 средна оценка:  4.0
 коментари:  2
1) Која е разликата помеѓу суперкласа и поткласа?

Одговор: Суперкласа е класата која е наследена, а поткласа е класата која го врши наследувањето.

2) Кој клучен збор се користи за наследување на класа?

Одговор: extends

3) Методите на поткласата можат да им пристапат на атрибутите на суперкласата во секој случај?

Одговор: Неточно

4) Кога поткласите не можат да им пристапат на атрибутите на суперкласата?

Одговор: Кога атрибутите на суперкласата се дефинирани како private.

5) Која класа во Java ја започнува класната хиерархија?

Одговор: Класата Object.

6) Дали Java поддржува наследување од повеќе класи истовремено?


Одговор: Не.

7) Што е наследување?

Одговор: Изведување на објект од постоечка класа. Со други зборови, наследување е процес на преземање на сите дозволени атрибути од дадена суперкласа.

8) Кои се предностите на наследувањето?

Одговор: Преискористување на код и пристап до варијабили и методи на суперкласата од поткласите.

9) Кој метод се користи за повикување на конструкторите на суперкласата од поткласите?


Одговор: super(argumenti)

10) На кој начин се повикува метод на суперкласата од поткласата?

Одговор: super.ime_na_metod(argumenti)

11) Што се апстрактни класи?

Одговор: Апстрактни класи се класи од кои не е можно да се креираат инстанци.

12) На кој начин една класа имплементира интерфејс?


Одговор: Мора да обезбеди имплементација на сите методи од интерфејсот и да го идентификува името на интерфејсот после implements клучниот збор.

13) Кои методи во Object класата се дефинирани како final?

Одговор: getClass(), notify(), notifyAll(), и wait()

14) Final методите можат да бидат overriden.

Одговор: Неточно.

15) Декларацијата на методи како final резултира со побрзо извршување на програмата.


Одговор: Точно.

16) Дали можеме да декларираме променливи внатре во метод како final? Зошто?


Одговор: Не можеме, бидејќи локалните променливи не е можно да се декларираат како final.

17) Дали може апстрактна класа да биде декларирана како final?


Одговор: Не.

18) Дали една класа ги наследува конструкторите од нејзината суперкласа?

Одговор: Не.

19) Кои рестрикции постојат за overloading на методи?

Одговор: Два метода не можат да имаат исто име и иста листа на аргументи, но различен тип на враќање.

20) Кои рестрикции постојат за overriding на методи?

Одговор: Преклопените методи мора да имаат исто име, листа на аргументи и тип на враќање. Преклопените методи не смеат да го ограничат пристапот на методите од суперкласата. Преклопените методи не смеат да фрлат Exception, доколку методот на суперкласата не фрла Exception.

21) Како се користи this() со конструктори?

Одговор: this() се користи за повик на конструктор од истата класа.

22) Како се користи super() со конструктори?

Одговор: super() се користи за повик на конструктор од суперкласата.
 
Коментирај
автор: Анонимус
Анонимните коментари ќе бидат објавувани веднаш после нивната проверка.
За да вашиот коментар биде веднаш валиден претходно пријавете се или креирајте свој профил


напишал: BadBoy (14.11.2008 17:01:26)
Kako da linkuvam baza na podatoci kreirana vo Access so Eclipse
напишал: igor (18.11.2008 18:25:11)
А зошто овде прашуваш?
пребарување
најди
 
Форум
 
JugMK
GetJava Download Button
http://www.eclipse.org
 
 
 
 
Copyrights © 2006 - 2024 by Java.com.mk
Права и правила за користење на java.com.mk
Контакт адреса:
contact AT java.com.mk
Powered by Supernova v.0.70 beta
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc.
Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици.