| | |
| |
|
Изрази, искази и блокови |
прегледано: |
209969 |
вкупно гласови: |
1 |
средна оценка: |
5.0 |
коментари: |
0 |
испрати до пријател
испечати
|
Откако ги поминавме променливите и операторите време е да спомнеме нешто за изрази, искази и блокови. Операторите може да се користат за креирање на изрази кои пресметуваат некакви вредности, изразите се јадро на исказите, а исказите може да биадт групирани во блокови.
Изрази (expression)
Израз е „конструкција“ креирана од променливи, оператори и повици на методи, кои се конструирани според синтаксата на програмскиот јазик, а се евалуираат до една вредност. Веќе виде примери на изрази, како на пример:
int zabrzuvanje = 0;
niza[0] = 100;
System.out.println("Prviot element vo nizata so indeks 0: " + niza[0]);
int result = 1 + 2; // result sega e 3
if(value1 == value2) System.out.println("value1 == value2");
Податочниот тип вратен од некој израз зависи од податочниот тип на елементите користени во изразот. Изразот „zabrzuvanje = 0“ врача „int“ бидејќи операторот за доделување на вредност доделува вредност од ист податочен тип како и левата операнда (zabrzuvanje) која е од податочен тип „int“. Како што можеш да видиш од другите изрази, изразот може да врати и други податочни типови, на пример String, boolean, long итн.
Јава програмкиот јазик дозволува да се креираат и сложени изрази од разни мали изрази се додека податочните типови од еден дел од изразот се совпаѓаат (се компатибилни) со друг дел од изразот. Пример за сложен израз:
1 * 2 * 3
Во дадениот пример редоследот по кој изразот е евалуиран е небитен бидејќи резултатот при множење е независен од редослед, резултатот е секогаш ист безразлика по кој редослед ќе ги наредиме изразите. Сепак, ова не важи за сите изрази. На пример следниот израз дава различен резултат зависно од тоа дали ќе направите собирање или делење како прва операција:
x + y / 100 // dvosmisleno
Можеш да специфицираш точно како некој израз треба да биде евалуиран користејќи загради „(“ и „)“. На пример, за да претходниот израз не биде двосмислен може да се напише на следниов начин:
(x + y) / 100 // nedvosmisleno, preporacano
Кога се пишуваат сложени изрази, мораш да бидеш точен и да употребиш загради за да предочиш кои оператори да бидеат евалуирани први. Тој начин на пишување на кодот истиот го прави полесен за читање и полесен за одржување.
Искази (statements)
Исказите грубо кажано се еквивалент на решениците во говорените јазици. Исказот формира комплетна целина за извршување. Следниве изрази можат да се претворат во искази само со терминирање на изразот со точка-запирка („;“).
- изрази кои доделуваат вредност
- било која употреба на „++“ или „--“
- повикување на методи
- изрази за инстанцирање на објекти
Таквите искази се викаат „expression statements“. Еве неколку примери на „expression statements“.
vrednost= 8933.234; // iskaz za dodeluvanej na vrednost
vrednost++; // iskaz za inkrementiranje
System.out.println("Hello World"); // povikuvanje na metoda
Velosiped mojVelosiped = new Velosiped(); // instanciranje na objekt
Како додаток на „expression statements“ има уште два вида на искази, исказ за декларација и „контрола на тек“ (control flow) исказ. Исказите за декларација декларираат променливи. Пример:
double vrednost = 8933.234; // iskaz za deklaracija
И на крај, „контрола на тек“ исказите служат за да се регулира редоследот по кој исказите се извршуваат. За нив ќе научиш од некој следен напис.
Блокови
Блокот е група на искази кои се сместени помеѓу големи загради „{“ и „}“. Следниов пример ги илустрира блоковите:
class BlokoviDemo {
public static void main(String[] args) { boolean uslov= true; if (uslov) { // pocetok na blok broj 1 System.out.println("Uslovot e vistinit (true)."); } // kraj na blok broj 1 else { // pocetok na blok broj 2 System.out.println("Uslovot e nevistinit (false)."); } // kraj na blok broj 2 } }
|
|
|
|
|
|
| |
|
|
---|
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc. Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици. |
|