| | |
| |
|
... класа? |
прегледано: |
210314 |
вкупно гласови: |
1 |
средна оценка: |
5.0 |
коментари: |
0 |
испрати до пријател
испечати
|
Во реалниот свет често ќе најдете многу објекти кои се од ист вид. На пример може да има илјадници велосипеди, сите со иста изведба и модел. Секој велосипед е направен по иста шема и поради тоа ги содржи истите делови. Кажано со објектно-ориентирана терминологија е дека некој велосипед е инстанца од класата на објектот велосипед. Класата е „шема“ од која секој објект е креиран.
Следнава „Velosiped“ класа е една варијанта за имплементација на велосипед.
class Velosiped{
int brzinaNaDvizenje = 0;
int brzina = 1;
int tempo = 0;
void promeniGoTempoto(int novaVrednost){
tempo = novaVrednost;
}
void promeniBrzina(int novaVrednost) {
brzina = novaVrednost;
}
void zabrzaj(int zabrzuvanje) {
brzinaNaDvizenje = brzinaNaDvizenje + zabrzuvanje
}
void uspori(int namaluvanje) {
brzinaNaDvizenje = brzinaNaDvizenje - namaluvanje;
}
void ispecatiSostojba() {
System.out.println("tempo:" + tempo +
" brzina na dvizenje:"+brzinaNaDvizenje+
" brzina:"+brzina);
}
}
Можеби синтаксата на Јава програмскиот јазик ќе ти изгледа нова, но дизајнот на класата е базиран на претходниот напис за објектот велосипед. Полињата brzinaNaDvizenje, brzina и tempo ја претставуваат состојбата на објектот, а методите (promeniGoTempoto, promeniBrzina, zabrzaj итн.) ја дефинираат интеракцијата со надворешниот свет.
Можеби забележа дека класата Velosiped не ја содржи „главната“ (main) метода. Тоа е така бидејќи класата не е комплетна апликација, таа е само шема за велосипедите кои можеби ќе бидат употребени во апликацијата. Можноста за креирање на нов објект велосипед останува на некоја друга класа во апликацијата.
Еве, како пример, DemoVelosiped класа која ќе креира два независни велосипеди и ќе ги повика нивните методи.
class DemoVelosiped {
public static void main(String[] args) {
// Kreiranje na dva razlizni velosiped (objekti od klasata Velosiped)
Velosiped velosiped1 = new Velosiped();;
Velosiped velosiped2 = new Velosiped()
// Povikuvanje na metodite na kreiranite objekti
velosiped1.promeniGoTempoto(50);
velosiped1.zabrzaj(10);
velosiped1.promeniBrzina(2);
velosiped1.ispecatiSostojba();
velosiped2.promeniGoTempoto(50);
velosiped2.zabrzaj(10);
velosiped2.promeniBrzina(2);
velosiped2.promeniGoTempoto(40);
velosiped2.zabrzaj(10);
velosiped2.promeniBrzina(3);
velosiped2.ispecatiSostojba();
}
}
Излезот (output) од горенаведеното ќе ги испечати вредностите, завршното темпо, брзината на движење и брзината во која се наоѓа менувачот на двата велосипеди:
tempo:50 brzina na dvizenje:10 brzina:2
tempo:40 brzina na dvizenje:20 brzina:3
|
|
|
|
|
|
| |
|
|
---|
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc. Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици. |
|