| | |
 | |
Основи на 2D графика во Java |
ГЕОМЕТАРСКИ ПРИМИТИВИ
Java 2D API-то овозможува корисно множество на стандардни облици како што се точки, линии, правоаголници, лаци, елипси и криви. Најважен пакет кој ги дефинира овие примитиви е java.awt.geom пакетот. Произволните облици можат да се претстават преку комбинација на стандардните примитив.
Интерфејсот Shape претставува геометриски облик кој има скица/контура (главни црти, линии) и внатрешност. Овој интерфејс овозможува заедничко множество за опишување и контрола на дводимензионалните геометриски објекти и поддржува криви линии и повеќекратни подоблици за разлика од класата Graphics.
ТОЧКИ (POINTS)
Point2D класата дефинира точка на локација (x,y) во координатниот систем. Битно е да нагласиме дека терминот Point (Точка) не е исто со терминот pixel. Точката не зафаќа област, нема боја и неможе да биде рендерирана.
Точките се користат за формирање на други облици. Инаку оваа класа содржи метода која пресметува растојание помеѓу две точки.
ЛИНИИ (LINES)
Line2D класата е абстрактна класа која претставува линија. Координатите на линијата можат да бидат добиени како double. Оваа класа вклучува методи за подесување на крајните точки на линијата.
ПРАВОАГОЛНИЦИ (RECTANGULAR SHAPES)
Rectangle2D, RoundRectangle2D, Arc2D и Ellipse2D се наследени од RectangularShape класата. Оваа класа дефинира методи за Shape објектите кои можат да бидат опишани со правоаголник.
КВАДРАТНИ И КУБИЧНИ КРИВИ
QuadCurve2D овозможува креирање на квадратни параметарски криви. Квадратна крива е дефинирана со две крајни точки и една контролна.
CubicCurve2D класата овозможува креирање на кубични параметарски криви. Кубична крива е дефинирана со две крајни точки и две контролни.
|
|
|
|
|
|
| |
|
|
---|
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc. Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици. |
|