Чекор по чекор
Почетни чекори со Java
Објектно оријентирани концепти во Јава - Прв дел
Објектно оријентирани концепти во Јава - Втор дел
Објектно оријентирани концепти во Јава - Трет дел
Јава сервлети - Прв дел
Единствен Јава објект (singleton)
Најчести 10 грешки што ги прават Java програмерите
повеќе...
Што е тоа ...
... IDE
... Tomcat
... објект?
... класа?
... наследување?
... интерфејс?
... наследување? (прашања и одговори)
повеќе...
За загревање
Нов проект во Eclipse?
Примитивни податочни типови
Променливи
Оператори
Доделувачки, аритметички и Unary оператори
Оператори за еднаквост, релации и услови
Изрази, искази и блокови
повеќе...
Како да ...
... конвертирам java.sql.Timestamp во java.util.Date
... зададам формат на датум
... ковертирам „long“ во HEX и обратно
... прочитам датотека и променам стринг
... креирам ZIP датотека
... поврзам Apache и Tomcat користејќи mod_jk
... пратам недефиниран број на атрибути до некоја метода
повеќе...
Java преку примери
new Socket(String addr,int port)
new URL(String address)
new URL(String protocol, String host, int port, String file)
CommPort: getInputStream()
CommPortIdentifier: getPortIdentifiers()
Statement: executeQuery(String sql)
Statement: getMaxRows()
повеќе...
Грешка
Нов напис
Рубрика:
Наслов:
  
  

страна број:123
... објект?
прегледано:  201888
 вкупно гласови:  2
 средна оценка:  4.5
 коментари:  4
Објектите се клучната работа за разбирање на објектно-ориентираната технологија. Погледнете околу себе и ќе видите многу примери на објекти од реалниот свет: куче, биро, телевизор, велосипед.

Објектите од реалниот свет делат две карактеристики: сите тие имаат состојба и однесување. Кучињата имаат состојба (име, боја, гладно) и однесување (лаење, трчање, јадење). Велосипедите, исто така, имаат состојба (моментална брзина) и однесување (кочење). Идентификувањето на состојбата и однесувањето на објектите од реалниот свет е најдобар начин да почне да се размислува објектно-ориентирано.

Погледнете неколку предмети од реалниот свет што се во непосредна ваша близина. За секој објект што ќе го здогледате, прашајте се две прашања: "Кои се сите можни состојби на овој објект?" и "кои акции може да ги изврши овој објект?". Ќе забележите дека објектите од реалниот свет варираат по комплексност вашата ламба може да има само две состојби (уклучена и исклучена) и две можни акции (уклучи и исклучи), но вашето радио може да има додатни состојби (моментална гласност, моментална радио станица) и акции (зголеми гласност, намали гласнот, барај станици). Некои објекти, пак, самите содржат објекти во нив. Овие набљудувања на реалниот свет се пресликуваат во светот на објектно-ориентираното програмирање.



Софтверските објекти концептуално се слични на објектите од реалниот свет: тие, исто така, содржат состојба и соодветно однесување. Објектот ја чува својата состојба во полиња (варијабили во програмските јазици) и го експонира своето однесување преку методи (функции во некои програмски јазици). Методите оперираат над внатрешната состојба на објектот и служат како примарен механизам за комуникација меѓу објекти. Криењето на внатрешната состојба на објектот и потребата цела интеракција да се изведува преку методите на објектите е познато како податочно криење (data encapsulation) - фундаментален принцип на објектно-ориентираното програмирање.

Да земеме велосипед, на пример:



Со својата состојба (моментална брзина, моментален вртеж да педалите, и моментална поставеност на менувачот) и со обезбедување на методи за менување на таа состојба, објектот ја задржува контролата на тоа како надворешниот свет ќе го користи тој објект. На пример, ако велосипедот има 6 брзини, методот кој ги менува брзините ќе ја игнорира секоја вредност помала од 1 или поголема од 6.

Сместувањето на кодот во индивидуални софтверски објекти овозможува многу бенефиции, како:

Модуларност: Изворниот код на објектот се пишува и оддржува независно од изворниот код за другите објекти. Штом ќе се креира, објектот може лесно да се пренесува низ системот.

Криење на информации: Со интеракција само со методите на методите, деталите на внатрешната имплементација остануваат скриени од надворешниот свет.

Преискористување на код: Ако еден објект веќе постои (можеби напишан од друг програмер), тој може да се искористи во друг програм. Ова овозможува специјалисти да имплементираат / тестираат / дебагираат комплексни објекти, кои можат да се преискористат во друг код.

Замена и дебагирање: Ако одреден објект е проблематичен, може едноставно да се отстрани од апликацијата и да се замени со друг објект. Ова е аналогно на поправање на механички проблеми во реалниот свет. Ако се расипе менувачот на некој автомобил, се менува само тој со нов, а не цел автомобил.
 
Коментирај
автор: Анонимус
Анонимните коментари ќе бидат објавувани веднаш после нивната проверка.
За да вашиот коментар биде веднаш валиден претходно пријавете се или креирајте свој профил


напишал: lakimen (12.01.2008 18:33:12)
zasega seuste matno no ke bide podobro
напишал: igor (12.01.2008 22:44:35)
не се секирај, се е матно во самиот почеток. Во принцип е многу логично, а со тоа и лесно.

И пак замолувам за употребата на кирилицата.

Поздрав
напишал: Анонимус (23.03.2009 12:38:38)
Одлична аналогија. Само, изгледа секогаш ќе ми смета превод на термините на македонски. Програмерскиот жаргон/јазик си е англиски. Зошто да се преведуваат "events, properties, behaviors..." не можам да разберам. Да не го изгубиме или заборавиме македонскиот јазик? :)
напишал: igor (03.04.2009 17:31:51)
Уф, и јас сум за не преведување од една страна, но од друга страна онаму каде што имаме соодветен наш збор зошто и да не се употреби, нели?

Како и да е, и понатака ќе се трудам да биде што повеќе од стручната терминологија на македонски, нели, со максимална соодветност и ако треба со дообјасување :)
пребарување
најди
 
Форум
 
JugMK
GetJava Download Button
http://www.eclipse.org
 
 
 
 
Copyrights © 2006 - 2024 by Java.com.mk
Права и правила за користење на java.com.mk
Контакт адреса:
contact AT java.com.mk
Powered by Supernova v.0.70 beta
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc.
Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици.