| | |
| |
|
... IDE |
прегледано: |
201264 |
вкупно гласови: |
2 |
средна оценка: |
4.5 |
коментари: |
1 |
испрати до пријател
испечати
|
Многу често, а посебно при развој на пообемни апликации и софтверски решенија се јавува потреба од подобра оганизираност на изворниот код. За таа цел развиени се софтверски алатки кои многу придонесуваат кон поогранизирано програмирање.
Интегрирана развојна околина(IDE - integrated development environment ) е софтверска алатка која им помага на програмерите во развојот на нивните апликации.
Една развојна околина најчесто се состои од:
- уредувач на изворниот код
- компајлер и/или интерпретер
- aлатки за пронаоѓање и поправање грешки (debugger)
Покрај овие основни елементи исто така може се сретнат и многу алатки кои го поедноставуваат креирањето на корисничкиот интерфејс, алатки за автоматско комплетирање на кодот и слично. Помодерните развојни околини соджат и пребарувачи за класите и класен хиерархиски дијаграм за објектно-ориентираните програмски јазици. Познати развојни околини кои се користат денес се : Eclipse IDE, Code::Blocks, Komodo IDE, NetBeans, Borland Developer Studio, Microsoft Visual Studio и други.
Иако постои како некое непишано правило, секоја развојна околина да е специјализирана за работа во еден програмски јазик, претходно наведените поддржуваат работа со повеќе програмски јазици. Така на пример, во Eclipse, чиј основен програмски јазик е јава , постојат додадоци за C/C++, Python, Perl, Ruby, Fortran, Cobol, PHP, JSP, J2EE и многу други. Пример за развојна околина која е специјализирана за работа со конкретен програми јазик е Visual Basic IDE.
|
|
|
|
|
|
| |
|
|
---|
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc. Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици. |
|