| | |
| |
|
... интерфејс? |
прегледано: |
202300 |
вкупно гласови: |
3 |
средна оценка: |
3.333 |
коментари: |
0 |
испрати до пријател
испечати
|
Како што научи до сега, објектите ја дефинираат твојата интереакција со надворешниот свет преку методи кои се публикувани. Методите го формираат интерфејсот на објектот за надворешниот свет. Пример, копчињата на твојот телевизор, тие се интерфејсот помеѓу тебе и електричната инсталација во пластичната кутија. Го притискаш копчето за палење, за да му ја смениш состојбата на телевизорот (запален, изгаснат).
Најчесто интерфејсот (interface) е група од методи без код, односно само декларација на методите. Однесувањето на велосипедот доколку е прикажано преку интерфејс би изгледало вака:
interface Velosiped{
void promeniGoTempoto(int novaVrednost);
void promeniBrzina(int novaVrednost);
void zabrzaj(int zabrzuvanje);
void uspori(int namaluvanje);
}
За да се искористи (имплементира) овој интерфејс постоечката класа Velosiped ќе ја реименуваме во ObicenVelosiped на пример и ќе го употребиме клучниот збор implements во декларацијата на класата:
class ObicenVelosiped{
// sodrzinata na prethodnata klasa koja se vikase "Velosiped"
}
Имплементирањето на интерфејсите овозможува по формален начин да се дефинира однесувањето на класата која истата треба да го обезбеди. Доколку твојата класа имплементира некој интерфејс, тогаш сите методите дефинирани во интерфејсот мора да се појават во класата која го имплементира интерфејсот пред да може компајлерот успешно да го искомпајлира кодот.
|
|
|
|
|
|
| |
|
|
---|
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc. Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици. |
|