Чекор по чекор
Почетни чекори со Java
Објектно оријентирани концепти во Јава - Прв дел
Објектно оријентирани концепти во Јава - Втор дел
Објектно оријентирани концепти во Јава - Трет дел
Јава сервлети - Прв дел
Единствен Јава објект (singleton)
Најчести 10 грешки што ги прават Java програмерите
повеќе...
Што е тоа ...
... IDE
... Tomcat
... објект?
... класа?
... наследување?
... интерфејс?
... наследување? (прашања и одговори)
повеќе...
За загревање
Нов проект во Eclipse?
Примитивни податочни типови
Променливи
Оператори
Доделувачки, аритметички и Unary оператори
Оператори за еднаквост, релации и услови
Изрази, искази и блокови
повеќе...
Како да ...
... конвертирам java.sql.Timestamp во java.util.Date
... зададам формат на датум
... ковертирам „long“ во HEX и обратно
... прочитам датотека и променам стринг
... креирам ZIP датотека
... поврзам Apache и Tomcat користејќи mod_jk
... пратам недефиниран број на атрибути до некоја метода
повеќе...
Java преку примери
new Socket(String addr,int port)
new URL(String address)
new URL(String protocol, String host, int port, String file)
CommPort: getInputStream()
CommPortIdentifier: getPortIdentifiers()
Statement: executeQuery(String sql)
Statement: getMaxRows()
повеќе...
Грешка
Нов напис
Рубрика:
Наслов:
  
  

страна број:123
Променливи
прегледано:  201994
 вкупно гласови:  4
 средна оценка:  3.25
 коментари:  1
Програмскиот јазик Јава ги дефинира следниве видови на променливи:

  • Променливи на инстанца (нестатички полиња). Кажано со техничка терминологија, објектите ги чуваат своите индивидуали својства во „нестатички полиња“, тое е поле кое при декларацијата не е назначено статичко со резервираниот збор „static“. Нестатичките полиња исто така се познати и као „променливи на инстанцата“ бидејќи нивните вредности се уникатни за секоја инстанца од класата (за секој објект). Пример, „brzina“ на велосипед е независна од „brzina“ на друга инстанца од класата „Velosiped“.

  • Променливи на класата (статични полиња). Ова е секое поле декларирано со резервираниот збор „static“. Тоа му кажува на компајлерот дека ќе има само еден „примерок“ од оваа променлива безразлика на тоа колку пати (и колку) од класата при инстанцирање произлегле објекти, односно нови инстанци. Полето кое го дефинира бројот на брзини на некој тип на велосипед може да биде маркирано како статично („static“) бидејќи тој тип на велосипед безразлика на бројот на инстанци кои ќе произлезат секогаш ќе има ист број на брзини. Кодот:
    static int brojNaBrzini = 18;
    ќе креира такво статичко поле. Исто така може да се додаде и клучниот збор „final“ што ќе значи дека бројот на брзните е непроменлив.

  • Локални променливи. Слично како што објектите ја чуваат својата состојба во полињата (променливите), методите често својата привремена состојба ја чуваат во локални променливи. Синтаксата за декларирање на локалните променливи е слична со декларирањето на полињата. На пример
    int brojac = 0;
    Нема некој посебен резервиран збор за променливата да се декларира како локална, одредувањето доаѓа од позициката (местото) каде променливата е декларирана (во случајов помеѓу отворената и затворената заграда на методата). Поради тоа локалните променливи се видливи само од методата каде што се декларирани, од друго место од класата се недостапни.

  • Параметри. Веќе се сретна со примери за параметри, како во класата „Velosiped“ така и во „main“ методата на „Hello World!“ програмчето. Како потсетник за главната (main) методата на:
    public static void main(String[] args)
    Тука „args“ е параметар на методата „main“. Битно да се запамти е тоа што параметрите секогаш се класифицираат како променливи, не како полиња. Ова истото важи и за конструктори кои примаат параметри, за што ќе прочиташ во некој следен напис.


Именувањe

Секој програмски јазик има свои правила и конвенции за видовите имиња кои се дозволени за тебе да ги искористиш, програмскиот јазик Јава не е исклучок. Сумирани правилата и конвенциите за именување на варијаблите се:

  • Имињата на променливите се осетливи на големи-мали букви. Име на променлива може да биде секој легален идентификатор, односно, неограничено долга секвенца (низа) од Unicode букви и бројки. Истите можат да започнуваат со букви, знакот долар ($) или со долна цртичка „_“. Сепак, според конвенцијата знакот за долар никогаш не се користи. Можеби при некое автоматско генерирање на код да налеташ на знакот  долар во имињата на променливите, но ти како програмер не би требало да ги користиш во твојот изворен код. Истото се однесува и за долната црта, но исклучок е можноста за користење на карактерот исклучиво како прв карактер во името на променливата, но тоа во пракса и не е толку применето. Празни места во имињата на променливите не е дозволено.

  • Кога се именува варијабла, немој да користиш „криптични“ кратенки, именувај ги со целосни зборови, тоа ќе го направи твојот изворен код поразбирлив, како за тебе така и за другите. Со убаво именување на променливите во принцип можеш да си заштедиш и при пишувањето на документацијата, имено доколку самите променливи го даваат полното значење на вредноста за која се наменети. На пример, променливите brzina, tempo i brzinaNaDvizenje се каде каде полесни за паметење и за разбирање од „b“, „t“, „bnd“. Никако несмее да се заборави дека името на променливата несмее да биде клучен или резервиран збор.

  • Доколку името на променливата е всушност еден збор, тогаш таа треба да се напише со мали букви. Доколку пак името на променливата содржи два или повеќе зборови тогаш името на променливата започнува со мала буква, а секој нареден збор во името на променливата е со голема буква (без празни места и долна црта или сл.), пример: private int brzinaNaDvizenje = 0; . Сепак и тука има исклучок, доколку променливата е статична и непроменлива (static final), тогаш името на целата променлива е со ГОЛЕМИ БУКВИ и секој збор е одвоен со долна црта „_“. Според конвенцијата, тоа е единствено место каде ќе ја користите долната црта во именување на променливи. Пример:
    public static final int MAKSIMALNA_BRZINA = 250;
 
Коментирај
автор: Анонимус
Анонимните коментари ќе бидат објавувани веднаш после нивната проверка.
За да вашиот коментар биде веднаш валиден претходно пријавете се или креирајте свој профил


напишал: Анонимус (19.01.2008 02:36:16)
se nadzira nesto no daleku e sredinata a za krajot da ne zboruvame.
super interesno
пребарување
најди
 
Форум
 
JugMK
GetJava Download Button
http://www.eclipse.org
 
 
 
 
Copyrights © 2006 - 2024 by Java.com.mk
Права и правила за користење на java.com.mk
Контакт адреса:
contact AT java.com.mk
Powered by Supernova v.0.70 beta
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc.
Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици.