| | |
| |
|
Јава сервлети - Прв дел |
прегледано: |
205410 |
вкупно гласови: |
2 |
средна оценка: |
4.5 |
коментари: |
0 |
испрати до пријател
испечати
|
Безразлика колку си запознаен со Јава сигурно имаш барем слушнато за Јава Аплети (Java Applets). Аплетите се мали Јава програми кои се извршуваат како дел од веб страна. Бидејќи на некој начин тие се „мини-апликации“ именувани се како аплети (application-applet). Јава сервлетите своето име го имаат добиено на сличен начин.
Замисли ги сервлетите како високо ефикасни CGI (Common Gateway Interface) програми напишани во Јава. Кога веб серверот кој динамички генерира одговор на барањето (најчесто HTML страна) и го испраќа до прелистувачот кој го креирал барањето. Поради ова доколку сервлетите ги гледаме како „мини-сервери“ јасно е веќе зошто се наречени сервлети (server-servlet).
Во овој напис ќе поминеме низ основите на пишуваењ и „инсталација“ (испорака-deployment) на Јава сервлетите на твој веб сервер. Ќе започнам со претпоставка дека веќе имаш некој веб сервер кој поддржува сервлети. Иако на веб има голема понуда во тој дел најспремна за почеток е комбинацијата на Apache со Tomcat или само Tomcat. Поискусните Јава девелопери најверојатно ќе одат на нешто како Caucho Resin, IBM WebSphere, Allaire JRun или некој друг кој ги поддржува опциите кои Tomcat-от не ги поддржува.
По самата своја природа сервелите бараат малку повеќе знаење за да се работи со истите. Или барем да ги имаш совладано основите во Јава пред да почеш со Јава сервлетите. Претходните написи Почетни чекори со Java, Објектно оријентирани концепти во Јава - Прв дел, Објектно оријентирани концепти во Јава - Втор дел, Објектно оријентирани концепти во Јава - Трет дел, дефинитивно се добра основа за да стасаш до сервлети.
Доколку си ок со претходни написи, претпоставувам дека си ги прочитал, си си инсталирал Tomcat на твојот компјутер, ако одговорот е да, тогаш да старатам со првиот сервлет!
|
|
|
|
|
|
| |
|
|
---|
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc. Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици. |
|