| | |
| |
|
Искази: while и do-while |
прегледано: |
210776 |
вкупно гласови: |
2 |
средна оценка: |
4.5 |
коментари: |
1 |
испрати до пријател
испечати
|
„while“
Исказот „while“ целовремено извршува блок од искази се додека некој услов не биде евауиран како вистинит (true).
Синтаксата на исказот „while“ е:
while (uslov) {
iskaz(i)
}
Исказот „while“ евауира израз кој мора да врати вредност boolean (true или false). Доколку изразот се евалуира како вистинит (true) исказот „while“ извршува искази кои се наоѓаат во неговиот блок. Исказот целовремено продолжува да ја евалуира вредноста на изразот и да го извршува кодот кој се наоѓа во неговиот блок се додека изразот за проверка не врати false.
Користењето на исказот „while“ ќе го демонстрираме преку следниов пример броејќи до 10.
class WhileDemo {
public static void main(String[] args){ int brojac = 1; while (brojac < 11) { System.out.println("Brojacot ima vrednost: " + brojac); brojac++; } } }
Можете да направите бесконечен циклус:
while (true) { // tvojot kod ovde }
Но веќе тука морате да внимавате на ресурсите на компјутерот, „заглавување“ на програмот итн. Техниките ќе ги објасниме во некој нареден напис. За да излезете од бесконечниот циклус можете да го употребите исказот break;
„do-while“
Програмскиот јазик Јава исто така овозможува и користење на „do-while“ исказот, чија поставеност изгледа вака:
do { iskaz(i) } while (izraz);
Разликата помеѓу „do-while“ и „while“ е во тоа што „do-while“ го евалуира изразот на крајот на циклусот, наместо како „while“ на почетокот. Поради тоа, исказите наведени во „do“ блокот се извршуваат минимум еднаш. Пример за „do-while“
class DoWhileDemo { public static void main(String[] args){ int brojac= 1; do { System.out.println("Brojacot ima vrednost: " + brojac); brojac++; } while (brojac <= 11); } }
|
|
|
|
|
|
| |
|
|
---|
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc. Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици. |
|