Чекор по чекор
Почетни чекори со Java
Објектно оријентирани концепти во Јава - Прв дел
Објектно оријентирани концепти во Јава - Втор дел
Објектно оријентирани концепти во Јава - Трет дел
Јава сервлети - Прв дел
Единствен Јава објект (singleton)
Најчести 10 грешки што ги прават Java програмерите
повеќе...
Што е тоа ...
... IDE
... Tomcat
... објект?
... класа?
... наследување?
... интерфејс?
... наследување? (прашања и одговори)
повеќе...
За загревање
Нов проект во Eclipse?
Примитивни податочни типови
Променливи
Оператори
Доделувачки, аритметички и Unary оператори
Оператори за еднаквост, релации и услови
Изрази, искази и блокови
повеќе...
Како да ...
... конвертирам java.sql.Timestamp во java.util.Date
... зададам формат на датум
... ковертирам „long“ во HEX и обратно
... прочитам датотека и променам стринг
... креирам ZIP датотека
... поврзам Apache и Tomcat користејќи mod_jk
... пратам недефиниран број на атрибути до некоја метода
повеќе...
Java преку примери
new Socket(String addr,int port)
new URL(String address)
new URL(String protocol, String host, int port, String file)
CommPort: getInputStream()
CommPortIdentifier: getPortIdentifiers()
Statement: executeQuery(String sql)
Statement: getMaxRows()
повеќе...
Грешка
Нов напис
Рубрика:
Наслов:
  
  

страна број:123
Јава сервлети - Прв дел
Испорачување на сервлет (до веб сервер)

Со вообичаента конфигурација Tomcat-от ги очекува искомпајлираните сервлети во „webapps\ROOT\WEB-INF\classes“ поддиректориумот на основниот директориум на Tomcat-от. Ископирај ја твојата компајлирана класа MojServlet.class во тој директориум, потоа (под претпоставка дека Tomcat-от е стартуван на твојот компјутер) во адресата на твојот интернет прелистувач впиши: http://localhost:8080/servlet/MojServlet. Доколку се е како што треба би требало да видиш веб страна слична на ова:


Доколку имаш инсталирано Apache со интерфејс за Tomcat користејќи mod_jk исто така би требало да можеш да пристапиш до твојот сервлет со http://localhost/servlet/MojServlet (или http://localhost:8000/servlet/MojServlet доколку Apache-то ти е конфигурирано да работи на портот 8000).

Во принцип тоа е доволно за да се испорачуваат едноставни сервлети. Но како и да е има ситуации кога сигурно ќе сакаш твојот сервлет да биде достапен од друга адреса. Еден пример е кога на сервлетот ќе му доделиш име на пакет. Размисли што би се случило доколку класата MojServlet е сместена во mk.com.java.web со додавање на следната линијата во почетокот на MojServlet.java:

package mk.com.java.web;

За да го испорачаш сервлетот на Tomcat-от би требало да го сместиш во: webapps\ROOT\WEB-INF\classes\mk\com\java\web\MojServlet.class (присети се од предходните написи дека локацијата на „.class“ датотеката мора да го рефлектира името на пакетот во кој припаѓа), и да го повикаш со целосното име (http://localhost:8080/servlet/mk.com.java.web.MojServlet). Уф, грозен URL за паметење, а замисли со посложени патеки.

Поради оваа причина сигурно би сакал да му додадеш друго име на твојот сервлет. Ова се прави во web.xml датотеката сместена во WEB-INF директориумот (пример: webapps\ROOT\WEB-INF\web.xml). Ова е XML датотека која ти дозволува да ги конфигурираш сервлетите кои ги испорачуваш на Tomcat-от. Бидејќи XML-ите се обични текст датотеки можеш да го отвориш во Notepad за да ги направиш бараните промени. Со самата инсталација на Tomcat-от, web.xml не содржи никакви информации за конфигурација:

<?xml version="1.0" encoding="ISO-8859-1"?>
    <!DOCTYPE web-app PUBLIC "-//Sun Microsystems, Inc.//DTD Web Application 2.2//EN" "http://java.sun.com/j2ee/dtds/web-app_2_2.dtd">
 <web-app>
</web-app>

Со додавање на тагови помеѓу „“ и „“ можеш да додадеш конфигурациски информации за твојот сервлет. Еве на пример како ќе му го доделиме името „moj“ на сервлетот MojServlet:
<web-app>
    <servlet>
        <servlet-name>
            moj
        </servlet-name>
    <servlet-class>
        MojServlet
    </servlet-class>
    </servlet>
</web-app>

Откако ќе ги снимиш овие промени, рестартирај го Tomcat-от и потоа ќе можеш да пристапиш до твојот сервлет преку „http://localhost:8080/servlet/moj“. Можеби сега ова и не ти значи многу, но кога ќе имаш класа со име од 25+ карактери, сместена во некој пакет ќе ти биде драго што на твојот сервлет ќе можеш да му дадеш фино, кратко име.

Доделувањето фино име на твојот сервер, односно едитирањето на конфигурациската датотека ти овозможува да специфицираш и додатни конфигурациски параметри на твојот сервлет. Тагот „“ на пример ти овозможува да го мапираш твојот сервлет за било кое URL или URL шаблон на твојот сервер:

<web-app>
    <servlet>
        <servlet-name>
            moj
         </servlet-name>
        <servlet-class>
            MojServlet
        </servlet-class>
    </servlet>
    <servlet-mapping>
    <servlet-name>
        moj
    </servlet-name>
  <url-pattern>
        /moj.html
  </url-pattern>
</servlet-mapping>
</web-app>


Горенаведената конфигурација ќе ти дозволи пристап до твојот сервлет преку линкот „http://localhost:8080/servlet/my.html“ - комплетно криејќи го фактот дека користиш сервлет. Исто така можеш да поставиш и URL шаблон користејќи „џокер“ карактери како „/moj/*“, кој секое барање од клиентите ќе го насочи према твојот сервлет доколку истото започнува со „http://localhost:8080/moj/“, или „*.test“ со што ќе се мапираат сите барања за сите датотеки кои завршуваат со „.test“ кон твојот сервлет. Бидејќи објектот од тип HttpServletRequest кој твојот сервлет го добива како влезен параметар во методата ти овозможува да го испиташ секое URL кое се бара, така да скриено можеш да мапираш еден единствен сервлет со „/*“ за да ги обработува сите барања упатени кон твојот веб сајт, праќајќи различни одговори зависно од барањето.

Доколку имаш инсталирано Apache и подесено како главен веб сервер, поврзано со „mod_jk“ со Tomcat-от, за да ги препраќа барањата за сервлети и Јава серверски страни (JSP) до Tomcat-от ќе приметиш дека „“ неработи како што се очекува од него. Ова е поради тоа што вообичаено Apache-то ќе ги препраќа до Tomcat-от само барањата за датотеки кои завршуваат со „.jsp“ или за датотеки во „/servlet“ директориумот. Но за конфигурирањето на Apache-то со користење на JkMount во некој друг напис.
страна број: 1 2 3 4 5 6 << претходна страна : : следна страна >> 
 
Коментирај
автор: Анонимус
Анонимните коментари ќе бидат објавувани веднаш после нивната проверка.
За да вашиот коментар биде веднаш валиден претходно пријавете се или креирајте свој профил


пребарување
најди
 
Форум
 
JugMK
GetJava Download Button
http://www.eclipse.org
 
 
 
 
Copyrights © 2006 - 2017 by Java.com.mk
Права и правила за користење на java.com.mk
Контакт адреса:
contact AT java.com.mk
Powered by Supernova v.0.70 beta
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc.
Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици.