Чекор по чекор
Почетни чекори со Java
Објектно оријентирани концепти во Јава - Прв дел
Објектно оријентирани концепти во Јава - Втор дел
Објектно оријентирани концепти во Јава - Трет дел
Јава сервлети - Прв дел
Единствен Јава објект (singleton)
Најчести 10 грешки што ги прават Java програмерите
повеќе...
Што е тоа ...
... IDE
... Tomcat
... објект?
... класа?
... наследување?
... интерфејс?
... наследување? (прашања и одговори)
повеќе...
За загревање
Нов проект во Eclipse?
Примитивни податочни типови
Променливи
Оператори
Доделувачки, аритметички и Unary оператори
Оператори за еднаквост, релации и услови
Изрази, искази и блокови
повеќе...
Како да ...
... конвертирам java.sql.Timestamp во java.util.Date
... зададам формат на датум
... ковертирам „long“ во HEX и обратно
... прочитам датотека и променам стринг
... креирам ZIP датотека
... поврзам Apache и Tomcat користејќи mod_jk
... пратам недефиниран број на атрибути до некоја метода
повеќе...
Java преку примери
new Socket(String addr,int port)
new URL(String address)
new URL(String protocol, String host, int port, String file)
CommPort: getInputStream()
CommPortIdentifier: getPortIdentifiers()
Statement: executeQuery(String sql)
Statement: getMaxRows()
повеќе...
Грешка
Нов напис
Рубрика:
Наслов:
  
  

страна број:123
Почетни чекори со Java
Твојот прв Јава програм!

Целта на овој дел е да добиеш чувство како е да се пишува Јава програм, како е истиот да се компајлира и да се изврши. Нормално, со самото тоа ќе видиш како изгледа Јава програм, барем наједноставниот. Ќе се трудам се да објаснам на наједноставен начин, но сепак ако нешто не ти е јасно, или ти нема смисла, не се секирај за тоа, ќе го разбереш подоцна. Некои концепти ќе бидат познати на поискусни Јава програмери, а ако тоа не си ти (а најверојатно не си) се ќе ти се разјасни после напис-два. На ова ниво доволно е да се навикнеш на она што мора да се направи, а не да разбереш зошто тоа се прави.

За почеток почни со креирање на директориум на некое прикладно место на твојот диск, најчесто ќе сакаш датотеките од твоите Јава програми да бидат сместени во посебни директориуми. Јас ќе претпоставам дека директориумот кој ти ќе го користиш ќе биде: D:\PrvProgramJava, но ти можеш да си го именуваш директориумот како сакаш. Под Linux на пример најверојатно ќе креираш поддиректориум во твојот личен директориум, на пример: /home/petko/PrvProgramJava.

Користејќи го било кој едитор за текстуални датотеки кој ти одговара (NotePad ќе заврши работа, а доаѓа со самиот Windows) креирај датотека именувана како „Zdravo.java“ во твојот избран директориум (кај мене би било: D:\PrvProgramJava\Zdravo.java). Сите датотеки кои содржат Јава изворен код би требало да имаат наставка „.java“ за истите да бидат идентификувани како изворен код за Јава. Значи внимавај при задавање на екстензијата преку NotePad (истиот вообичаено додава „.txt“), но исто така се надевам дека забележа дека првата буква од името на датотеката е со голема буква, таква и мора да биде.

Во датотеката впиши ги следниве линии, но внимвај, броевите на редовите се чисто за да овде бидат подредени за понатака во текстот истите бидат објаснети, ти никако несмееш истите да ги искуцаш во датоетката.

1  /**
2   * Zdravo.java
3   * Ednostaven Java program
4   */
5
6  class Zdravo {
7    public static void main(String[] args) {
8      // Pecatenje na nekolku poraki
9      System.out.println("Zdravo, svetu!");
10     System.out.println("Ova e samo test.");
11   }
12 }

Само што го напиша твојот прв Јава програм! Пред да ти покажам како да го искомпајлираш и изврши сакам да ги објасниме линиите на кодот, генерално кое што работи.

  • Линиите 1-4: Датотеката започнува со коментар. Ова е секција на кодот која е наменета за полесно разбирање за тоа што изворниот код прави, односно, објаснување на датотека во кратки црти за другите програмери, па дури и сам за себе, како бележник. Јава секако ги игнорира коментарите комплетно, така да програмот ќе работи сосема исто со или без овие линии (но ти можеш да пробаш подоцна), но секако е добра пракса секогаш да се коментира изворниот код опсино на почеток на датотеката. Првиот метод е започнува коментар со карактерите „/*“, а коментарот завршува со користење на „*/“. Се што се наоѓа измеѓу овие маркери ќе биде игнорирано од Јава компајлерот. Можеш да забележиш дека може да се внесе коментар од повеќе линии. Овој коментар го форматирав според стандарден стил, кој е препорачан според документацијата (и конвенцијата) за стилови од Јава. Коментарот започнува со „/*“ проследено со уште една ѕвездичка и нов ред, а понатака секоја линија од коментарот започнува со празно место, придружено со ѕвездичка и пак уште едно празно место, па понатака е твојот текст. Коментарот завршува со празно место проследено со ѕвездичката за терминирање и косата црта („*/“). Овој е стилот кој јас ќе го користам во понатамошните примери, а ти или твојата компанија можете да си развиете свој стил на коментари.
  • Линија 5: Празните линии се игнорирани од Јава, исто како и коментарите
  • Линија 6: Претходно споменав дека Јава програмите се составени од софтверски компоненти кои работат заедно (комуницираат) за да се постигне саканиот ефект. Овој едноставен програм има потреба од само една таква компонента, а оваа линија го маркира почетокот на компонентата. Зборот „class“ назначува дека започнувам нова компонента (сега за сега, зборот class може да го гледаш како со значење компонента), а зборот „Zdravo“ е името на таа компонета (или класа). Големата отворена заграда ({) го маркира почетокот на кодот кој ќе ја дефинира новата класа. Не е коинциденција дека класата (Zdravo) е именувана исто како и датотеката (Zdravo.java), туку тоа така мора да биде. Секоја дефинирана класа мора да биде именувана во датотека со исто име (да, да, и големи и мали букви прават разлика, неможе да дефинираш класа MojaKlasa, во датотека именувана како mojaklasa.java, туку името на датотеката мора да биде MojaKlasa.java). Според конвенцијата имињата на класите во Јава започнуваат со голема буква. Секако ти можеш да именуваш класа како „mojaklasa“, но тоа е ептен ептен ако сакаш, бидејќи другите јава програмери се навикнати имињата на класите да почнуваат со голема буква, но твојот код че биде далеку почитлив, поразбирлив и полесен за одржување ако класата ја именуваш како MojaKlasa.
  • Линија 7: Оваа линија е „најкомплицираната“ од целото програмче. Исто како претходната линија што дефинираше почеток на класа, оваа линија маркира почеток на метода. Штура дефиниција на зборот „метода“  (method): нешто што класата може да прави. Доколку си работел во некој друг програмски јазик, за Јава метода е што за другите е процедура, функција или некоја субрутина. Зборовите „public“, „static“ и „void“ на почетокот на линијата обезбедуваат неколку информации за овој метод. За секој од овие има што да се пише на долго, но сега засега доволно е да ги знаеш како такви (ќе ги објаснуваме подоцна). Зборот „main“ е името на методата. Приметуваш дека имињата на методите започнува со мала буква, а не како класите со голема. Така е според конвенцијата до која мора да се придржуваш доколку сакаш некој друг да го погледне твојот изворен код. Зависно од тоа колку (доколку воопшто) имаш програмерско искуство делот со заградите или ти е веќе познат или сега ти личи премногу страшно. Во основа таму се дефинираат податоците со кои методата ќе располага (или ги бара) за да ја изврши своајта работа, и овде, сега за сега не се загрижувај за деталите. Методата „main“ всушност е специјална. Кога се стартува Јава програм, прво што се бара од програмот е да се лоцира методата „main“ со префикс од зборовите „public static void“ и истата ја користи како појдовна точка за извршување на програмот. Па ако ти е сега за сега полесно, ова можеш да го гледаш како магичното место каде што се започнува.
  • Линија 8: И ова е коментар, но главна разлика е што вака се коментира само една линија. Доколку компајлерот налета на „//“ тогаш тој ја игнорира линијата и не ја зема во предвид при компајлирање. Корсисен е при коментирање на линии од изворниот код бидејќи самите коментари ја зголемуваат разбирливоста на самиот код.
  • Линија 9: Во оваа линија се наоѓа првиот пример за Јава исказ во овој програм. Исказот му кажува на програмот што треба да направи, тоа е команда, инструкција или наредба. Јава исказите можат да имаат различни форми но секогаш сите завршуваат со „;“. Најчеста грешка која почетниците во Јава ја прават е да ги заборават точката и запирката на крај на секој исказ. Овој конкретен исказ му дава иснтрукција на програмот да испечати „Zdravo, svetu!“ на стандардниот излез (на екран). System.out.println може да се преведе како: „испечати ја следнава линија од текст на екранот“, додека остатокот од линијата кажува прецизно што треба да се испечати.
  • Линија 10: Исто како и претходната линија, со таа разлика што овде се печати „Ova e samo test.“
  • Линија 11: Голема затворена заграда, таа во конкретнава линија индицира крај на „main“ методата. Штом програмот ќе дојде до оваа точка тој прекинува со извршување.
  • Линија 12: Голема затворена заграда која маркира крај на класата Zdravo.

Пред да продолжам забелешка за стилот на кодирање. Сигурно примети дека на некои линии од овој програм имаат празни места пред нив, додека други немаат. Овој стил на кодирање е познат како „вгнездувачки“ (indenting), а е широкоприфатен поради тоа што самото вгнездување ја подобрува прегледноста на кодот. Односно, со вгнездувањето на „main“ методата (заедно со затворената заграда од линија 11) со две празни места јасно се искажува дека методот е во „Zdravo“ класата. Кодот исто така можеше да биде напишан и без вгнездување, и ќе работеше сосема исто, но немаше да биде разбирлив на прв поглед. Кога ќе дојдеш на ниво да пишуваш сложени програмски решенија нема да биде чудно ако имаш и вгнездувања од 5 и повеќе нивоа. Со привикнување на ова, и истото да стане навика ќе осигура дека кодот што ќе го создадеш ќе биде читлив како сега така и во иднина.
страна број: 1 2 3 4 << претходна страна : : следна страна >> 
 
Коментирај
автор: Анонимус
Анонимните коментари ќе бидат објавувани веднаш после нивната проверка.
За да вашиот коментар биде веднаш валиден претходно пријавете се или креирајте свој профил


напишал: slavejovanovski (11.01.2008 08:08:07)
Иако програмирам во Java веќе неколку години, на крај памет не ми беше дека постои страна како www.java.com.mk :)

Браво за идејата и за написите.

Славе Јовановски
напишал: igor (11.01.2008 17:14:31)
Па сепак е релативно нова 6 месеци дали има :)

Благодарам за поддршката
напишал: Анонимус (16.01.2008 13:42:42)
Браво момци, иако не знам да програмирам се надевам дека нешто ќе научам од Вас.

Само продолжете така.

Оцена: 10+
напишал: lakimen (18.01.2008 23:15:18)
BRAVO !
MNOGU DOBRO I KORISNO IAKO MNOGU TESKO MI ODI
напишал: Анонимус (19.01.2008 02:38:51)
кај да го најдам Java 2 Software Development Kit (SDK)“ Standard Edition ? Го барам во Downloads дали неможам да го видам, дали го нема..... исто и за Јава 2 документацијата
напишал: igor (19.01.2008 21:51:24)
За JDK, како и за документацијата повели на: http://java.sun.com/javase/downloads/index.jsp
напишал: Анонимус (29.01.2008 06:35:42)
браво, таман сеа имам испит многу ќе ми помогнете
напишал: Анонимус (18.02.2008 14:54:45)
„Почетните чекори“ има само 4 продолженија. Дали и кога ќе ги има продолженијата?
напишал: igor (19.02.2008 00:18:59)
Хм, сепак се работи за еден напис со 4 страни.
Во кој смисол продолжение? Или во кој правец е интересирањето за продолжение?
напишал: newpain01 (03.04.2008 02:11:18)
зошто кога пробам да ја компајлирам програмата во Command Prompt ми јавува грешка 'javac' is not recognized as an internal or external command, operable program or batch file.???
напишал: igor (09.04.2008 02:01:34)
Имаш инсталирано JDK?
напишал: newpain01 (14.04.2008 18:53:39)
да да, инсталирав
напишал: igor (16.04.2008 20:57:27)
а патеката (PATH) ти е подесена?

пример за подесување (на мојава машина би било нешто како):

SET PATH=%PATH%;C:\Program Files\Java\jdk1.6.0_02\bin

тоа SET PATH пушти го во Command Prompt, со правилно подесена патека до BIN директориумот од JDK-то.

Поздрав
напишал: Анонимус (07.06.2008 00:56:14)
Браво Игоре...си се потрудил...свака час
напишал: Анонимус (23.06.2008 18:43:45)
JAVA E NAJDOBRO NESTO STO SUM ZEL DA UCAM VO ZIVOTOT
PREKRASNO NESTO EDNOSTAVNO SE PRONAJDOV VO NE
напишал: Анонимус (09.11.2008 12:05:59)
Odlicno, fenomenalno objasnuvanje, vo detali.
Bravo
напишал: Анонимус (25.02.2009 23:57:06)
nemam vreme
напишал: Анонимус (03.07.2009 03:33:39)
Bravo.
Nikola Canev-Cene.
напишал: Анонимус (09.07.2009 14:00:57)
kako da go simnam potrebniot software za java
напишал: J Master (12.10.2009 00:42:05)
Странава е супер само така продолжете...

Големоп Браво
напишал: Lakilaki (26.01.2010 15:50:41)
Konecno nesto na nas jazik bas toa sto barav )
bravo decki samo taka prodolzete
напишал: Анонимус (02.03.2010 23:48:23)
Зошто во Command Prompt на Windows 7 неможам да проверам цело време ми дава C:\User\Ivan а Јава ми е инсталирана во C:\Program Files (x86)\JavaFX\javafx-sdk1.2\bin и ова го има во SET PATH подесено?
напишал: java2010 (27.03.2010 16:24:45)
Првиот чекор го завршив, баш сакам да видам до каде ке ме донесе оваа веб. Почетник прва класа.
напишал: Анонимус (18.04.2010 02:33:46)
Mnogu dobra rabota.Super ste..samo napred.Ova e mnogu interesno i ne tolku tesko
напишал: Анонимус (08.01.2012 01:51:45)
At last some rationality in our llitte debate.
напишал: Анонимус (09.02.2012 14:47:10)
iam neso problem so kompajlerov ne go registrirat taka mi vrajkat ko ke napisam javac vo comand promt i nemozam da kompajliram nz zosto inace stranava e top :D
пребарување
најди
 
Форум
 
JugMK
GetJava Download Button
http://www.eclipse.org
 
 
 
 
Copyrights © 2006 - 2017 by Java.com.mk
Права и правила за користење на java.com.mk
Контакт адреса:
contact AT java.com.mk
Powered by Supernova v.0.70 beta
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc.
Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици.