Чекор по чекор
Почетни чекори со Java
Објектно оријентирани концепти во Јава - Прв дел
Објектно оријентирани концепти во Јава - Втор дел
Објектно оријентирани концепти во Јава - Трет дел
Јава сервлети - Прв дел
Единствен Јава објект (singleton)
Најчести 10 грешки што ги прават Java програмерите
повеќе...
Што е тоа ...
... IDE
... Tomcat
... објект?
... класа?
... наследување?
... интерфејс?
... наследување? (прашања и одговори)
повеќе...
За загревање
Нов проект во Eclipse?
Примитивни податочни типови
Променливи
Оператори
Доделувачки, аритметички и Unary оператори
Оператори за еднаквост, релации и услови
Изрази, искази и блокови
повеќе...
Како да ...
... конвертирам java.sql.Timestamp во java.util.Date
... зададам формат на датум
... ковертирам „long“ во HEX и обратно
... прочитам датотека и променам стринг
... креирам ZIP датотека
... поврзам Apache и Tomcat користејќи mod_jk
... пратам недефиниран број на атрибути до некоја метода
повеќе...
Java преку примери
new Socket(String addr,int port)
new URL(String address)
new URL(String protocol, String host, int port, String file)
CommPort: getInputStream()
CommPortIdentifier: getPortIdentifiers()
Statement: executeQuery(String sql)
Statement: getMaxRows()
повеќе...
Грешка
Нов напис
Рубрика:
Наслов:
  
  

страна број:123
...низа?
прегледано:  1572
 вкупно гласови:  3
 средна оценка:  5.0
 коментари:  0
Низите се типови на податочни структури кои овозможуваат складирање на повеќе вредности во една структура. Низите, во суштина, овозможуваат складирање на повеќе вредности на едно место за разлика од поставување во повеќе променливи. Тоа го прави организирањето и пронаоѓањето на вредности многу полесно, бидејќи не треба да се мисли на многу различни променливи, туку само на една низа.

Најдобар начин да замислите низа е CD. Секоја песна има свој простор на CD-то на која можеш да и пристапиш кога ќе посакаш (за разлика од касета кадешто мора да ја поминеш секоја песна додека да стигнеш до посакуваната). И секоја песна е на некој начин поврзана со секоја друга по тоа што се од ист изведувач, такашто, низа е листа која содржи податоци (песните, во случајот со CD-то), кои можат да се пристапат веднаш и на некој начин, се корелирани.

Но, какви типови на податоци една низа може да содржи? Може да содржи било каков тип на податоци. Сепак, една низа може да содржи само еден тип на променливи. Според тоа, може да постои низа од Strings, низа од booleans, низа од ints, или друг тип на променливи, но не може да постои низа која ќе содржи и ints, booleans и strings.

Како се декларира низа? Прво, го пишувате типот на променливи што ќе ги содржи низата. Потоа, ги пишувате карактерите [ ], кои ќе му укажат на компајлерот дека креирате низа, а не само променлива. На крај, го декларирате името на низата како и на сите други променливи, такашто кодот ќе изгледа вака:

int broevi[];
String pesni[];

На овој начин, добивте низа. Што можете да правите со неа? Прво мора да специфицирате големина на низата. Низите во java се со фиксна должина, такашто треба да алоцирате конкретна големина. Кодот за да го направите тоа е едноставен: прво го пишувате името на променливата, користите оператор за доделување на нова низа со големината која сакате да ја алоцирате, како во следниов код:

broevi = new int[5];
pesni = new String[10];


Следно, ќе ви покажеме како да пристапите на елемент во низата. За да пристапите на конкретна песна на CD, само одите на соодветниот број на player-от. Концептот е сличен и тука.

За да му пристапите на елемент, едноставно го реферирате преку неговиот индекс (бројот на песната на CD-то). Пишувате:

ime_na_niza[indeks]

за да го земете елементот на indeks позиција. Низите започнуваат со елемент на нулта позиција, такашто за да го пристапите првиот елемент, пишувате:

ime_na_niza[0]

За да поставите вредност на втората позиција, постапувате:

ime_na_niza[1] = 4;

Ако типот на низата е int, можете да напишете:

ime_na_niza[3] = ime_na_niza[3] + 5;

Доделување вредност од низа на променлива се дефинира на следниот начин:

String мomentalnaPesna;
momentalnaPesna = pesni[2];


Исто така, можете да направите еден елемент еднаков на друг од самата низа. На пример, сакате елементот 3 да биде еднаков на елементот 0:

ime_na_niza[0] = ime_na_niza[3];

Постои можност да ја добиете големината на низата, што многу користи кога сакате да дознаете колку елементи има истата или за да ги испечатите елементите. Тоа се дознава на следниот начин:

int golemina = ime_na_niza.length;

За премин преку вредностите на една низа, најчесто се користат loop структури, кои почнуваат од првиот елемент, и одат до последниот.
 
Коментирај
автор: Анонимус
Анонимните коментари ќе бидат објавувани веднаш после нивната проверка.
За да вашиот коментар биде веднаш валиден претходно пријавете се или креирајте свој профил


пребарување
најди
 
Форум
 
JugMK
GetJava Download Button
http://www.eclipse.org
 
 
 
 
Copyrights © 2006 - 2017 by Java.com.mk
Права и правила за користење на java.com.mk
Контакт адреса:
contact AT java.com.mk
Powered by Supernova v.0.70 beta
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc.
Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици.