Чекор по чекор
Почетни чекори со Java
Објектно оријентирани концепти во Јава - Прв дел
Објектно оријентирани концепти во Јава - Втор дел
Објектно оријентирани концепти во Јава - Трет дел
Јава сервлети - Прв дел
Единствен Јава објект (singleton)
Најчести 10 грешки што ги прават Java програмерите
повеќе...
Што е тоа ...
... IDE
... Tomcat
... објект?
... класа?
... наследување?
... интерфејс?
... наследување? (прашања и одговори)
повеќе...
За загревање
Нов проект во Eclipse?
Примитивни податочни типови
Променливи
Оператори
Доделувачки, аритметички и Unary оператори
Оператори за еднаквост, релации и услови
Изрази, искази и блокови
повеќе...
Како да ...
... конвертирам java.sql.Timestamp во java.util.Date
... зададам формат на датум
... ковертирам „long“ во HEX и обратно
... прочитам датотека и променам стринг
... креирам ZIP датотека
... поврзам Apache и Tomcat користејќи mod_jk
... пратам недефиниран број на атрибути до некоја метода
повеќе...
Java преку примери
new Socket(String addr,int port)
new URL(String address)
new URL(String protocol, String host, int port, String file)
CommPort: getInputStream()
CommPortIdentifier: getPortIdentifiers()
Statement: executeQuery(String sql)
Statement: getMaxRows()
повеќе...
Грешка
Нов напис
Рубрика:
Наслов:
  
  

страна број:123
Доделувачки, аритметички и Unary оператори
прегледано:  4013
 вкупно гласови:  0
 средна оценка:  -
 коментари:  0
Едноставен оператор кој доделува вредност

Еден од најчестите оператори е операторот „=“. Овој оператор го сретна во класата Velosiped, тој ја доделува вредноста од десно на операндот од лево:

    int brzinaNaDvizenje = 0;
    int brzina = 1;
    int tempo = 0;


Овој оператор истотака може да се употреби на објекти кога се доделува референца до објект, но тоа покасно ќе го објасниме.


Аритметички оператори

Јава програмскиот јазик содржи оператори кои извршуваат собирање, одземање, множење и делење. Сигурно ќе ги препознаеш бидејќи веќе си ги сретнал при математички операции на твоето PC користејќи го калкулаторот. Единствен различен, односно нов знак може да биде „%“ кој исто така ја извршува операцијата на делење помеѓу деленикот и делителот, но како резултат го враќа само остатокот при делењето.

„+“ - оператор за собирање (исто така се користи при конкатанација на String-ови)
„-“ - оператор за одземање
„*“ - оператор за множење
„/“ - оператор за делење
„%“ - оператор за остаток

Следниов програм, „AritmetickiOperaciiDemo“ е едноставен пример за користење на аритметичките оператори.

class ArithmeticDemo {
  public static void main (String[] args){

    int result = 1 + 2; // promenlivata "result" sega ima vrednost 3
    System.out.println(result);

    result = result - 1; // promenlivata "result" sega ima vrednost 2
  System.out.println(result);

    result = result * 2; // promenlivata "result" sega ima vrednost 4
    System.out.println(result);

    result = result / 2; // promenlivata "result" sega ima vrednost 2
    System.out.println(result);

    result = result + 8; // promenlivata "result" sega ima vrednost 10
    result = result % 7; // promenlivata "result" sega ima vrednost 3
    System.out.println(result);
  }
}

Исто така можеш да ги комбинираш аритметичките оператори со едноставните оператори за доделување на вредности и како резултат да добиеш соединение за доделување на вредности. На пример, x+=1 и x=x+1 ја извршуваат истата операција, и двата изрази ја инкрементираат вредноста на „x“ за еден.

Операторот „+“ се користи и за конкатанација (спојување) на две низи од карактери (String-ови), пример за тоа е „KonkatanacijaDemo“ програмот:

class KonkatanacijaDemo {
  public static void main(String[] args){
    String prvString = "Ova e";
    String vtorString = " spoena niza od String-ovi.";
    String tretString = prvString+vtorString;
    System.out.println(tretString);
  }
}

На крајот од овој програм променливата „tretString“ има вредност: „Ova e spoena niza od String-ovi“, што и се печати на стандардниот излез.

„Unary“ оператори (оператор кој работи само со еден аргумент, операнд)
Овие оператори имаат само една операнда, тие извршуваат операци како зголемување, намалување за еден, негации на изрази или инверзија на вредноста на променлива од тип „boolean“.

„+“
    Индицира дека се работи за позитивна вредност, иако броевите и без знакот се позитивни (и овде се користи знакот, но не како и кај аритметичките оператори)
„-“
    Индицира дека се работи за негативна вредност
„++“
  Инкриминирачки оператор, ја зголемува вредноста за 1
„--“   Декриминирачки оператор, ја намалува вредноста за 1
„!“    Логички дополнителен оператор, ја инвертира вредноста на променлива од тип „boolean“

Пример за Unary опеаратори:

class UnaryDemo {
  public static void main(String[] args){
    int result = +1; // result sega e 1
    System.out.println(result);
    result--; // result sega e 0
    System.out.println(result);
    result++; // result sega e 1
    System.out.println(result);
    result = -result; // result sega e -1
    System.out.println(result);
    boolean success = false;
    System.out.println(success); // false
    System.out.println(!success); // true
}
}


Инкреминирачките/декриминирачките оператори може да се стават пред(prefix) или после(postfix) операндот. Пример result++ и ++result и двете решенија ќе резултираат со инкреминирање на променливата „result“ за еден. Разликата е во тоа што кај ++result променливата е еволуирана после инкрементирањето за разлика од result++ каде евалуацијата е извршена на оргиналната вредност пред инкрементирањето.
Доколку сакате само да инкременирате некоја вредност за еден, не е битно кој начин ќе го употребите. Но доколку операторот го користите како дел од некој поголем и посложен израз изборот на операторот може да направи големи разлики.

Пример 2 за овој тип на оператори:

class PrePostDemo {
  public static void main(String[] args){
    int i = 3;
    i++;
    System.out.println(i);    // "4"
    ++i;  
    System.out.println(i);    // "5"
    System.out.println(++i);  // "6"
    System.out.println(i++);  // "6"
    System.out.println(i);    // "7"
}
}


Разликата е евидентна, нели? :)
 
Коментирај
автор: Анонимус
Анонимните коментари ќе бидат објавувани веднаш после нивната проверка.
За да вашиот коментар биде веднаш валиден претходно пријавете се или креирајте свој профил


пребарување
најди
 
Форум
 
JugMK
GetJava Download Button
http://www.eclipse.org
 
 
 
 
Copyrights © 2006 - 2017 by Java.com.mk
Права и правила за користење на java.com.mk
Контакт адреса:
contact AT java.com.mk
Powered by Supernova v.0.70 beta
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc.
Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици.