Чекор по чекор
Почетни чекори со Java
Објектно оријентирани концепти во Јава - Прв дел
Објектно оријентирани концепти во Јава - Втор дел
Објектно оријентирани концепти во Јава - Трет дел
Јава сервлети - Прв дел
Единствен Јава објект (singleton)
Најчести 10 грешки што ги прават Java програмерите
повеќе...
Што е тоа ...
... IDE
... Tomcat
... објект?
... класа?
... наследување?
... интерфејс?
... наследување? (прашања и одговори)
повеќе...
За загревање
Нов проект во Eclipse?
Примитивни податочни типови
Променливи
Оператори
Доделувачки, аритметички и Unary оператори
Оператори за еднаквост, релации и услови
Изрази, искази и блокови
повеќе...
Како да ...
... конвертирам java.sql.Timestamp во java.util.Date
... зададам формат на датум
... ковертирам „long“ во HEX и обратно
... прочитам датотека и променам стринг
... креирам ZIP датотека
... поврзам Apache и Tomcat користејќи mod_jk
... пратам недефиниран број на атрибути до некоја метода
повеќе...
Java преку примери
new Socket(String addr,int port)
new URL(String address)
new URL(String protocol, String host, int port, String file)
CommPort: getInputStream()
CommPortIdentifier: getPortIdentifiers()
Statement: executeQuery(String sql)
Statement: getMaxRows()
повеќе...
Грешка
Нов напис
Рубрика:
Наслов:
  
  

страна број:123
Примитивни податочни типови
прегледано:  4697
 вкупно гласови:  0
 средна оценка:  -
 коментари:  0
Во Јава програмскиот јазик променливите мора прво да се декларираат пред да можат да бидат употребувани.

Тоа вклучува наведување на податочниот тип на променливата и нејзиното име, или како што можеби имате видено:

int brzina = 1;


Со ова на програмот му се кажува дека полето „brzina“ постои, дека содржи нумерички податок, и дека има иницијална вредност „1“. Податочниот тип на променливата предодредува какви вредности истата може да содржи и какви (кои) операции можат да се изведат врз таа променлива. Покрај податочниот тип „int“ Јава програмскиот јазик поддржува седум други примитивни податочни типови. Примитивниот податочен тип е предефиниран од програмскиот јазик и е именуван со резервиран збор. Примитивните податочни типови не ги делат особеностите со другите примитиви. Осумте примитивни податочни типови поддржани од Јава програмскиот јазик се:

1. byte: Податочниот тип „byte“ содржи 8 бита (1 бајт) и може да се движи во интервал од -128 до 127 (вклучувајќи ги споменатите вредности). Податочниот тип „byte“ е корисен при штедење на меморија кога се работи со големи низи (array), каде штедењето на меморија навистина е значајно. Исто така може да се употребува наместо податочниот тип „int“ каде ограничувањето го прави кодот појасен.

2. short: Овој податочен тип содржи 16 бита (2 бајти) и може да се движи во интервал од -32.768 до 32.767 (вклучувајќи ги споменатите вредности). Исто како и за податочниот тип byte и овде можат да се употребат истите начини на употреба, штедење на меморија при работа со големи низи на пример.

3. int: Подточниот тип „int“ содржи 32 бита (4 бајти). Минимална вредност која може да ја „носи“ е -2.147.483.648, а максималната е 2.147.483.647 (вклучувајќи ги споменатите вредности). За целобројни вредности најчест избор е овој податочен тип, освен ако постои причина да се употреби некој од „помалите) горе споменати податочни типови. Овој податочен тип во принцип е доволен за целобројните вредности кои ќе се користат во твојот програм, но доколку има потреба од повеќе секогаш може да се искористи податочниот тип „long“.

4. long: Ова е 64 битен (8 бајти) податочен тип. Тој може да има минимална вредност од -9.223.372.036.854.775.808, а максималната изнесува 9.223.372.036.854.775.807 (вклучувајќи ги споменатите вредности). Овој податочен тип се користи кога податочниот тип „int“ е недоволен.

5. float: Ова е 32 битен IEEE 754 податочен тип со подвижна запирка. Интервалот на вредности кои може да ги „носи“ не е тема за овој напис, туку истиот ќе биде објаснет во некој нареден напис подетално. Истото што важеше за byte и short за штедење на меморија важи и за овој податочен тип, така да користете го float наместо double за да заштедите на меморија. Овој податочен тип никогаш нетреба да се користи за прецизни вредности, како на пример за искажување на валутни вредности. За таа цел употреби ја класата java.math.BigDecimal.
   
6. double: Ова е 64 битен IEEE 754 податочен тип со подвижна запирка. Напоментатото за податочниот тип float важи и овде.

7. boolean: Овој податочен тип може да има само една од двете вредност, true или false. Користи го овој податочен тип за едноставни знаменца. Овој податочен тип е репрезентација на 1 бит, но неговата големина не е точно дефинирана.

8. char: Ова е едноставен 16 битен Unicode карактер. Минимална вредност може да биде 0 а максимална 65.535, односно од '\u0000' до '\uffff'.

Како додаток на осумте примитивни податочни типови програмскиот јазик Јава овозможува специјална подршка за „стрингови“ (string, низа од карактери) преку класата java.lang.String. Ставајќи го твојот карактер (или повеќе карактери) во двојни наводници автоматски се креира нов објект од типот String. На пример: String s = "ova e string" Објектите од типот String се immutable, што значи дека еднаш креирани и неможе да се менуваат (се мисли на нивната вредност). Класата String не е примитивен податочен тип, но поради специјалната поддршка од програмскиот јазик ќе ја прифатиш како да е примитивен податочен тип. Понатака ќе го опишеме овој податочен тип поопширно.

Вообичаени вредности

Не секогаш е потребно да се додели вредност на штотуку декларирана променлива. Полињата кои се декларирани, а не се иницијализирани (не им е доделана вредност) се подесуваат на предефинирана вредност од страна на компајлерот. Генерално кажано вообичаена вредност би била 0 (нула) или null, зависно од податочниот тип. Но сепак, не се препорачува „ослонување“ на овие предефинирани вредности бидејќи тоа се смета за лош стил на програмирање.

Следнава листа дава преглед на вообичаените вредности од погоре споменатите податочни типови.

  • byte : 0
  • short : 0
  • int : 0
  • long : 0L
  • float : 0.0L
  • double : 0.0d
  • char : \u0000
  • String (или било кој друг објект) : null
  • boolean : false

Локалните променливи се поразлични од глобалните промеливи, односно компајлерот никогаш не доделува предодредена вредност на неиницијалнизирани променливи. Доколку неможеш да ја иницијализираш варијаблата при самото декларирање тогаш задолжително додели и вредност пред да ја употребиш. Пристапување до неиницијализирана вредност ќе резултира со грешка во компајлирањето.
 
Коментирај
автор: Анонимус
Анонимните коментари ќе бидат објавувани веднаш после нивната проверка.
За да вашиот коментар биде веднаш валиден претходно пријавете се или креирајте свој профил


пребарување
најди
 
Форум
 
JugMK
GetJava Download Button
http://www.eclipse.org
 
 
 
 
Copyrights © 2006 - 2017 by Java.com.mk
Права и правила за користење на java.com.mk
Контакт адреса:
contact AT java.com.mk
Powered by Supernova v.0.70 beta
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc.
Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици.