Чекор по чекор
Почетни чекори со Java
Објектно оријентирани концепти во Јава - Прв дел
Објектно оријентирани концепти во Јава - Втор дел
Објектно оријентирани концепти во Јава - Трет дел
Јава сервлети - Прв дел
Единствен Јава објект (singleton)
Најчести 10 грешки што ги прават Java програмерите
повеќе...
Што е тоа ...
... IDE
... Tomcat
... објект?
... класа?
... наследување?
... интерфејс?
... наследување? (прашања и одговори)
повеќе...
За загревање
Нов проект во Eclipse?
Примитивни податочни типови
Променливи
Оператори
Доделувачки, аритметички и Unary оператори
Оператори за еднаквост, релации и услови
Изрази, искази и блокови
повеќе...
Како да ...
... конвертирам java.sql.Timestamp во java.util.Date
... зададам формат на датум
... ковертирам „long“ во HEX и обратно
... прочитам датотека и променам стринг
... креирам ZIP датотека
... поврзам Apache и Tomcat користејќи mod_jk
... пратам недефиниран број на атрибути до некоја метода
повеќе...
Java преку примери
new Socket(String addr,int port)
new URL(String address)
new URL(String protocol, String host, int port, String file)
CommPort: getInputStream()
CommPortIdentifier: getPortIdentifiers()
Statement: executeQuery(String sql)
Statement: getMaxRows()
повеќе...
Грешка
Нов напис
Рубрика:
Наслов:
  
  

страна број:123
Исказ „for“
прегледано:  2032
 вкупно гласови:  1
 средна оценка:  5.0
 коментари:  0
Исказот „for“ овозможува компактен начин за да итерираш низ повеќе вредности. Програмерите најчесто го ословуваат како „for циклус“ поради тоа што целовремено, се дур не се исполни зададениот услов, се извршува блокот на исказот.



Генерална форма на „for“ исказот е:

    for {inicijalizacija; terminiranje; inkrement) {
        // iskazite ovde
    }

Кога се користи оваа форма на исказот мора да се запамети дека:

  • „inicijalizacija“ е местото каде што се иницијализира циклусот, се извршува само еднаш кога започнува циклусот
  • Кога изразот „terminiranje“ ќе биде евалуиран и ќе се добие неточен резултат (false) циклусот се терминира и се напушта блокот на „for“ исказот
  • изразот „inkrement“ се извршува пред секоја нова итерација. Тој одлично одговара за изрази за инкрементирање или декрементирање на вредности.

Следниов пример „ForDemo“ ја користи генералната форма на исказот „for“ за да ги испечати броевите од 1 до 10 на стандарден излез.

class ForDemo {
    public static void main(String[] args){
        for(int i=1; i<11; i++){
            System.out.println("broj: " + i);
        }
    }
}


Односно излезот е:

broj: 1
broj: 2
broj: 3
broj: 4
broj: 5
broj: 6
broj: 7
broj: 8
broj: 9
broj: 10

Дали примети како беше декларарана променлива во изразот за иницијализација. „Полето на дејство“ на променливата се простира од нејзината декларација па до крајот на блокот на исказот „for“, тоа дава можност истата да се користи во изразот за терминација и инкреминирање. Доколку променливата која го контролира „for“ исказот не е потребна надвор од циклусот тогаш најдобро е истата да се декларира во изразот за иницијализација на „for“ исказот.
Најчесто имиња (на променливите) како „i“, „j“, „k“ се користат за контрола на циклусот „for“. Нивната декларација во делот за иницијализација го ограничува нивниот „животен век“ и ја смалува можноста за грешки.

Сите три искази во „for“ исказот се опциони, имено, доколку сакаме неограничен циклус едноставно можеме да напишеме:

    for ( ; ; ) {    // beskonecen ciklus
        // tvojot kod ovde
    }



Исказот „for“ исто така има и друга форма дизајнирана за да може да се итерира низ колекции (Collection) и низи (array). Оваа форма често се именува како „напреден for циклус“, и помага при креирање на покомпактни циклуси и го прави кодот почитлив. Колку за пример:

class NapredenForDemo {
    public static void main(String[] args){
        int[] broevi = {1,2,3,4,5,6,7,8,9,10};
        for (int broj : broevi) {
            System.out.println("Broj: " + broj);
        }
    }
}  

Излезот од програмот би бил:

Broj: 1
Broj: 2
Broj: 3
Broj: 4
Broj: 5
Broj: 6
Broj: 7
Broj: 8
Broj: 9
Broj: 10


Препорачано е да се користи оваа форма, наместо генералната форма, секаде каде што е можно.
 
Коментирај
автор: Анонимус
Анонимните коментари ќе бидат објавувани веднаш после нивната проверка.
За да вашиот коментар биде веднаш валиден претходно пријавете се или креирајте свој профил


пребарување
најди
 
Форум
 
JugMK
GetJava Download Button
http://www.eclipse.org
 
 
 
 
Copyrights © 2006 - 2017 by Java.com.mk
Права и правила за користење на java.com.mk
Контакт адреса:
contact AT java.com.mk
Powered by Supernova v.0.70 beta
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc.
Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици.